Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
28.10.2012, 13:48

Фетел пред Алонсо во Индија

Возачот на Ред бул го зголеми водството во вкупниот поредок на 13 поени во однос на Шпанецот од Ферари

Себастијан Фетел од Ред бул ја освои Големата награда на Индија во Формула 1 и го зголеми водството во генералниот пласман во однос на второпласираниот Фернандо Алонсо од Ферари, кој се избори за втората позиција на патеката Бад и сега заостанува 13 поени, а до крајот на сезоната има уште три трки. Победата од пол-позицијата е четврта во низа за светскиот шампион, нешто што првпат му успева во една сезона, продолжувајќи ја својата доминација во Индија по триумфот во инаугуралното издание на трката минатата година, кога исто така тргна прв. Германецот сега има 240 бода, 13 повеќе од Алонсо, кој стартуваше од петтата позиција, па атаката на 25-годишниот возач на Ред бул кон третата титула едноподруго изгледа незадржлива, и покрај максималните напори на Шпанецот. Петтата трка сезонава е вкупно 26. за Фетел во кариерата.

„Ова е посебно гран-при. Не знам што е работата со оваа патека, но јас навистина го сакам возењето по неа“, изјави Фетел, кој сега може да се пофали со водство во секој круг од последните три трки, нешто што последен пат му појде од рака на трикратниот светски шампион Аиртон Сена во 1989 година. „Ова е уште еден добар чекор за нас, но има уште многу до крајот“.

Австралиецот Марк Вебер му донесе и трето место на Ред бул, жалејќи се дека го изгубил КЕРС по 45. круг од вкупно 60 во трката и беше престигнат од Алонсо три круга подоцна.

„Во моментов не е лесно да се борите со Ред бул, но ние никогаш нема да се предадеме“, изјави Шпанецот на подиумот пред развресканата публика. „Добро сторено од Ред бул и од Себастијан, но ние сакаме да бидеме среќни и да уживаме во последната трка во Бразил. Не е само оваа трка. Сигурен сум дека ќе успееме“.

Кими Раиконен го зграпчи третото место во вкупниот поредок со седмото место во болидот на Лотус, но сега има 67 бода помалку од лидерот и само шест повеќе од Вебер. Двоецот на Мекларен, Луис Хамилтон и Џенсон Батон, завршија четврти и петти, при што вториот му го одзеде најбрзиот круг на Фетел, но неговите шанси за титулата сега се и математички готови уште една година. Бразилецот Фелипе Маса од Ферари беше шести, завршувајќи пред шампионот од 2007 година, Раиконен, а Германецот Нико Хулкенберг од Форс Индија заврши осми во домашното гран-при за неговиот тим. Французинот Ромен Грожан од Лотус го освои деветтото место, а Бразилецот Бруно Сена од Вилијамс го собра преостанатиот поен во попладнето со малку возбудувања за публиката што допатува јужно од Њу Делхи.

Седумкратниот првак Михаел Шумахер, веројатно најголемото Ф1-име во земјата во која најпопуларен спорт е крикетот, се судри со Жан Ерик-Верњ од Торо росо на стартот и замина во боксот со дупната задна десна гума. Тоа ја испрати 43-годишната легенда на опашката од колоната во неговиот последен настап во Индија. Дополнителни проблеми за Шумахер беа престигнувањето за цел круг од Фетел по само осум круга и тоа што потоа беше под истрага поради игнорирање на сините предупредувачки знамиња. Но, тој продолжи да се бори до откажувањето три круга пред крајот.

Мексиканецот Дерхио Перез се повлече во боксот откако исто така му се дупна гума кога со својот „заубер“ ја поткачи предницата на болидот на Австралиецот Даниел Рикјардо од Торо росо додека обајцата го напуштаа питот во 20. круг.

Единствениот индиски возач заврши на 21. место во неконкурентниот болид на шпанскиот тим Хиспанија рејсинг.

РЕЗУЛТАТИ ОД ТРКАТА ЗА ГН НА ИНДИЈА

1. Себастијан Фетел (Германија) Ред бул 1:31:10,744 ч.

2. Фернандо Алонсо (Шпанија) Ферари +9,437 сек.

3. Марк Вебер (Австралија) Ред бул +13,217 сек.

4. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мекларен +13,909 сек.

5. Џенсон Батон (Велика Британија) Мекларен +26,266 сек.

6. Фелипе Маса (Бразил) Ферари +44,674 сек.

7. Кими Раиконен (Финска) Лотус +45,227 сек.

8. Нико Хулкенберг (Германија) Форс Индија +54,998 сек.

9. Ромен Грожан (Франција) Лотус +56,103 сек.

10. Бруно Сена (Бразил) Вилијамс +1:14,975 мин.


Пласман на останатите: 11. Розберг, 12. Ди Реста, 13. Рикјардо, 14. Кобајаши, 15, Верњ, 16. Малдонадо, 17. Петров, 18. Ковалаинен, 19. Пик, 20. Глок, 21. Картикејан и 22. Шумахер. Се откажаа: Де ла Роса и Перез.

Вкупен поредок, возачи: Фетел 240, Алонсо 227, Раиконен 173, Вебер 167, Хамилтон 165, Батон 141, Розберг 93, Грожан 90, Маса 89, Перез 66, Кобајаши 50, Хулкенберг 49, Ди Реста 44, Шумахер 43, Малдонадо 33, Сена 26, Верњ 12 и Рикјардо 9. Конструктори: Ред бул 407, Ферари 316, Меклар��н 306, Лотус 263, Мерцедес 136, Заубер 116, Форс Индија 93, Вилијамс 59 и Торо росо 21.


Статијата е прочитана 470 пати.

Испрати коментар



„Милионерите“ славеа во Фрајбург
Меси го постигна својот 300. гол во кариерата
Повредата на Мојсоски го мачи Шундовски
Тепачка во „Кале“ на отворањето на сезоната
Нов тренер, стара приказна со МЗТ
Хоризонт и Вардар на исто растојание
Мазе прва во велеслаломот во Зелден
(ФОТО) Четврти пораз во серија за МЗТ Скопје во АБА лигата

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 13°C, Мин: 1°C

Среда
Сончево
Макс: 17°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (38)
Даријана на Тито - југословенската Мадам де Помпадур. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Венчаници, елеганција, арт деко... во автосалон
Вториот дел на 6. издание на Моден викенд Скопје 2012 имаше динамика на случувања како на филмска лента...
Берлускони ќе го урива Монти!
Заканата доаѓа по судската пресуда за даночно затајување и изречената казна од една година затвор...
Интервју - Уметноста е начин на комуникација
Ликовниот уметник Игор Јосифов и во МСУ, како на повеќе места во светот, ја привлече публиката со своите дела...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |