28.10.2012, 17:25 Повредата на Мојсоски го мачи Шундовски
Повредата на Наумче Мојсоски е најголемиот проблем за селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Звонко Шундовски, покрај принудната пауза поради суспензијата од еден натпревар за Борко Ристовски. Десниот бек на Металург има скинато мускулно влакно, замина на прегледи во Словенија и нема да биде во составот за стартот на квалификациите за Европското првенство 2014 во Данска. Македонија в среда во „Борис Трајковски“ ја пречекува Швајцарија, в недела во Ешпињо и' гостува на Португалија, а во групата е и Шпанија.
Најдобрите македонски ракометари вчера ги вклучија моторите за претстојниот квалификациски двомеч. (Р.Д.) |