28.10.2012, 14:12 Поезијата на Ристо Лазаров претставена на саемот во Белград
Книгата со избор од 70 песни на Лазаров, преведени на српски јазик од поетот Душко Новаковиќ, на саемот ја претстави издавачката куќа „Архипелаг“ од Белград
Македонскиот поет Ристо Лазаров се претстави на меѓународниот саем на книгата во Белград со изборот од поезија насловен „Одтанцувана историја“.
Книгата, која содржи 70 песни на српски јазик ја преведе белградскиот поет Душко Новаковиќ, а на саемот ја претстави издавачката куќа „Архипелаг“ од Белград.
Критичарот и главен уредник на „Архипелаг“ Гојко Божовиќ нагласува дека книгата на избрани песни „Одтанцувана историја“ , како збир на поетското искуство, го прави ова доживување на поезијата на Лазаров посебно снажно.
Песните застапени во овој избор се од последните три стихозбирки на Лазаров. |