Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
24.10.2012, 13:37

(ФОТО) „Епл“ го лансираше iPad mini со 7,9-инчен екран



Новиот таблет е неверојатно тенок (7,2 милиметри) и лесен (308 грама), а цената е малку повисока од очекувањата (329 долари за моделот со 16 гигабајти)

НИКОЛА БУРАГЕВ

„Епл“ вчера во театарот „Калифорнија“ во Сан Хозе претстави низа новитети. Да беше меѓу живите, Стив Џобс од ваквата палета нови производи ќе направеше незаборавна претстава, а на нестрпливо очекуваниот iPad mini сигурно ќе му припаднеше местото „One more thing“. Но, да ја оставиме носталгијата, бидејќи и денешниот „Епл“ покажа дека и без Џобс може да изведе ��резентација за паметење.

Предвидувањата на аналитичарите и шпекулациите на најразличните сајтови за технологија се остварија скоро во целост. Новиот iPad mini ги исполни скоро сите очекувања, освен цената (329 долари за моделот со 16 GB) која е малку повисока од предвидувањата. Дисплејот на уредот е со големина на дијагонала од 7,9 инчи и резолуција од 1024х768 пиксели, а таблетот е тенок 7,2 милиметри. Во споредба со Nexus 7 има 2,2 сантиметри поголема дијагонала, но според првиот човек на Apple, Тим Кук нуди 35 проценти поголема површина за приказ на содржините.



iPad mini има А5 процесор, камера со резолуција од 5 мегапиксели која може да снима видео во 1080р резолуција и предна FaceTime камера. Тежи 308,4 грама, што е за 53 отсто помалку од стандардниот iPad со ретина дисплеј. Ќе доаѓа во верзии со 16, 32 и 64GB меморија, во црна и бела боја. „Епл“ вели дека батеријата издржува 10 часа сурфање на wi-Fi, гледање видео или слушање музика. Таблетот поддржува LTE бежични мрежи од новата генерација, како и Wi-Fi 802.11 a/b/g/n и Bluetooth.



Се нагаѓаше дека „Епл“ со цената ќе го позиционира помалиот таблет рамо до рамо со конкуренцијата, но очигледно за тоа нема потреба – iPad и натаму е убедливо најдобриот таблет компјутер и може да има и „премиум“ цена. На страна, поквалитетниот оперативен систем, поголемиот избор на подобри апликации и целокупното корисничко искуство. Доволно е само да се земе во рака некој од конкурентските таблети за да се открие кој е аутсајдер, а кој ја води играта. На пример, Kindle Fire HD е вистински „дебелко“ со своите 11,4 милиметри, а ниту Nexus 7 со 10,5 мм не е далеку. Новиот iPad mini со своите 7,2 мм е потенок дури и од iPhone 5, за кој многумина говорат дека е неверојатно лесен кога ќе се положи на дланката. Новинарите кои имаа прилика да го испробаат iPad мини коментираат дека е толку тенок и лесен (308 грама), што се чини дека е макета, а не вистински производ!



Сосема неочекувано, „Епл“ го апдејтуваше и стандардниот 9,7-инчен iPad, кој сега има А6X процесор, што би требало да овозможи двојно подобри процесорски и графички перформанси во однос на претходната генерација. Предната FaceTime камера сега има резолуција од 720р, а досегашниот стандарден 30-пински конектор е заменет со минијатурниот „lightning“ конектор, кој е присутен и кај iPad mini, iPhone 5 и најновиот iPod Touch.



Следната голема новост е и новата генерација на легендарниот all-in-one компјутер, iMac. „Епл“ овој пат се чини дека дури и ги надмина очекувањата. Стариот iMac беше толку добро дизајниран што никогаш не беше достигнат од конкуренцијата, а сега одеднаш изгледа како застарена машина. Да се споредува со конкурентските all-in-one PC модели воопшто нема смисла, како да се работи за две одвоени цивилизации кои случајно се спуштиле на иста планета.

Дисплејот ја задржа резолуцијата од 1,920х1,080 пиксели за 21,5-инчниот модел и 2,560х1,440 пиксели за 27-инчниот модел. Главната разлика кај дисплејот е тоа што сега покривното стаклото е ламинирано за самиот дисплеј. Така дебелината на дисплејот изнесува само 5 милиметри и претставува најтенок дисплеј кој е вграден во десктоп коммпјутер Кај новиот дисплеј отсјајот исто така намален за 75 проценти.

 

Новиот iMac работи на третата генерација Intel i5 и i7 процесори. Во основната конфигурација има 8GB ram, a максимумот е 32GB. Од Apple исто така го истакнаа новиот Fusion диск, kој претставува хибрид од HDD и SDD. За 21-инчниот модел во САД треба да одвоите 1299 долари, додека за 27-инчниот модел 1799.

„Епл“ го претстави и долгоочекуваниот MacBook Pro 13 инчи со ретина дисплеј. Екранот има резолуција од 2560х1600 пиксели (двојно повеќе од стандардниот MacBook Pro со 1280х800), каква што пред неколку години имаше 30-инчниот Синема дисплеј. Лаптопот работи на третата генерација Интел i5 процесори (Ivy Bridge), стандардно има 8 гигабајти РАМ-меморија, а хард-дискот е заменет со SSD флеш -меморија од 128 до 768 гигабајти. Почетната цена изнесува 1.699 долари.



Статијата е прочитана 1001 пати.

Испрати коментар



„Македонски евергрин“ вечерва во Универзална сала
„Твоите = мои очи“, нов роман од Христо Петрески
Windows 8 конечно достапен на корисниците
Проекција на „Трето полувреме“ во Лос Анџелес
„Куќичка“ на Оливера Николова, македонски претставник за „Балканика“
Елизабет Тејлор најбогатa меѓу познатите покојници
Студентка од Бразил ја продаде невиноста за 600.000 евра
Приходот на „Фејсбук“ се зголеми за 1,26 милијарди долари
„Животот е сон“ во чест на режисерот Цветановски
Комеморација за режисерот Цветановски на ФДУ
Во духот на Мајлс Дејвис, крајот го красеше „Скопски џез-фестивал“
Изложба и дебата во Национална галерија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...
Верски профит во Мека
Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија...
Доналд Трамп во отворена војна со Обама
Ќе даде пет милиони долари во добротворни цели ако Обама ги објави своите документи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |