25.10.2012, 15:29 Грција чека одговор на Меморандумот
Владата во Атина повторува дека одлуките за датум за преговори ги носат европските лидери, а не Европската комисија
Атина - Грција чека да ја види македонската конструктивност за решавање на спорот преку одговор на предлог Меморандумот за разбирање. Од грчкото Министерство за надворешни работи не го коментираат предлогот на Европската комисија и можните сценарија за решавање на спорот за името во рана фаза на пристапните преговори. Остануваат на ставот дека главните одлуки ги носат државите членки на Советот на ЕУ, а не Европската комисија и потсетуваат дека главната забелешка на Советот последните три години е почитување на добрососедските односи. Што се однесува до дискусијата за враќање на визите, Грција останува на наша страна и вели дека не би сакала да види враќање на визниот режим.
Атина преку потпаролот на министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас, нагласи дека Македонија не требала да заборави дека има европска перспектива „благодарение на грчката стратегија и Солунската агенда за интензивирање на обидите за прием на државите од Балканот во ЕУ“. Грција сакала да види напредок за Македонија кон ЕУ, затоа што тоа ќе придонесе кон нејзината желба за креирање мирно, стабилно и безбедно соседство. „Затоа сме разочарани што не гледаме одговоро од другата страна. Го креиравме овој предлог и немаме одговор, само негативни коментари“, додаде Делавекурас.
Тој истакна дека во изјавите на македонските политичари има негативен став кон меморандумот, за кој немаат одговор од македонска страна. Како што потенцираше, наместо одговори гледаат нови напади кон Грција и обид за потценување на преговарачкиот процес во рамки на Обединетите нации. За Грција овој меморандум е конструктивна иницијатива со цел да се најде решение за безизлезот во кој се наоѓаат преговорите. (М.П.)
|
|
Статијата е прочитана 1090 пати.
|
Испрати коментар
|
|
pile, 25.10.2012 20:14:14 | За Грција овој меморандум е конструктивна иницијатива со цел да се најде решение за безизлезот во кој се наоѓаат преговорите. (М.П.)
T.n.memorandum za sorabotka koj pretstavuva ednostrana revizija na VS od 1995 godina direktno ja negira vizijata na potpisnicite na megjunarodniot akt potpisan i od Pretsedatelot na sosedna Grcija G-din Papuljas,i pretstavuva sinhronizirana aktivnost vo sorabotka so nekoi lugje od EK za suspenzija na VS od 1995 godina od kade i proizleguva i serioznosta za razocaranosta.Konceptot na resenie na razlikite za imeto so cel da se napravi jasni distinkcija pomegju oblasta Makedonija i teritorijalnata celovitost i integritet na suvereniot severen sosed priznaen od 132 zemji pod imeto ,,Republika Makedonija,dava jasna osnova za resenie na razlikite za imeto bez ekskluzivno pravo na upotreba na terminot ,,Makedonija.Predlozjeniot memorandum e uste poveke razocaruvacki ako se imaat vo predvid izjavite na G-din Samaras za baranje na verodostoen sogovornik. |
| Александар, 25.10.2012 23:15:52 | Пишете им честитка за празниците кои следат, разбирање за ситуацијата во која економски се наоѓаат и дека радо би седнале на маса заедно и конструктивно да се разговара за сите точки кои се наведени, но и испуштени во еден лист хартија. Зашто пред се 20 годишно прашање не се одговара на еден лист А4 формат тук така и да било толку лесно ќе бидел напишан пред 20 години. |
| do pile, 25.10.2012 23:29:52 | Jasna distinkcija megju drzavata Makedonija i cela Makedonija ima.Toa e prefiksot republika koj pravi distinkcija.Imeto Makedonija e samo nase i nema druga drzava so toa ime.Naseto ime Makedonija e etnicko ime i zatoa toa e samo nase ekskluzivno pravo.Juzniot sosed pred 1990 g. nikade ne go koristese imeto Makedonija. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Ведро
|
Сабота
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 9°C
|
Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Верски профит во Мека Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија... | |
|