25.10.2012, 16:05 Маскиран во кловн силувал деца и сликите ги ставал на интернет!
Маж, на возраст од 31 година, познат под псевдонимот Влад, кој секојдневно се маскира во страшен кловн, е уапсен поради сомнеж дека е педофил, а обвинет е дека сексуално искористувал деца и произведувал детска порнографија, односно фотографиите од силувањата ги ставал на интернет.
Мартин Еваник од сојузната аамериканска држава Илиноис признал дека се фотографирал себеси за време на сексуален чин со деца. Полицијата верува дека од јуни 2010 година тој извршил неколку силувања. Во затвор е задржан без можност да излезе со кауција бидејќи е окарактеризиран како многу опасен.
На својот Фејсбук-профил тој се претставува како тапанар на бендот „The core of your nighhtmares“ (Сржта на твоите кошмари), а на неколку фотографии Еваник носи костум на кловн и е облиен со крв. Неговите колеги од бендот тврдат дека не знаат ништо за неговите злосторства. |