25.10.2012, 13:35 Норвешка донираше подвижна болница за АРМ
Кралството Норвешка и' донираше на Армијата на Македонија подвижна болница. Донацијата, вредна повеќе од 2 милиона евра, ќе даде значаен придонес кон подобрување на капацитетите на АРМ за учество во меѓународните операции предводени од НАТО.
Норвешката министерка Ан Грете Стром-Ериксен му ја предаде подвижната болница на министерот за одбрана, Фатмир Бесими, која ја истакна импресивната професионална подготвеност на хируршките тимови од Македонија.
„Оваа донација претставува знак на поддршка за понатамошните интеграции на Македонија во НАТО. Поддржувајќи ја реформата на вооружените сили, и понатаму ќе ги помагаме проектите на Македонија“, рече министерката Стром-Ериксен.
Вежбата „Безбедна патека 2012“ е плод на билатерална соработка во областа на военото здравство. Проектот на воено-здравствените служби на Норвешка се спроведува од 2008 до 2012 година и во тие рамки има донација од лесно маневарска полска болница, реконструкција и опремување на Центарот за медицинска обука и упатување македонски хируршки тимови во ИСАФ-тимовите за реконструкција во Мајмана. (А.Д.)
|