Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
25.10.2012, 18:14

ЕУ се обедини околу враќањето на визите

Вчера во Луксембург се одржа расправа околу проблемот со лажните азиланти од Македонија и Србија И Велика Британија, која не е дел од азилантската политика на ЕУ и шенген-режимот, им се придружи на земјите кои бараат враќање на визите. Одлука се очекува во февруари

Слободанка Јовановска



Листата на земји што бараат механизам за враќање на визите драматично се проширува и вчера на најгласните шест им се приклучија уште две - Франција и Велика Британија. Со тоа сите моќни и влијателни земји членки на ЕУ застанаа зад барањето да им се даде „европски одговор“ на лажните азилантите, односно да се воведе што побрзо заштитен механизам, наречен во ЕУ жаргон „безбедносна клаузула“, за да може на одреден рок и по итна постапка да се враќаат визите.

Иако одлуката вчера не беше донесена, и реално нема таква најава бидејќи таа е заглавена во Европскиот парламент кој исто така треба да даде мислење, со толку земји што ја туркаат, нема шанси да не пројде, според најавите, веќе во февруари идната година. Вчера министрите практично го притиснаа Европскиот парламент да го одобри механизмот што побргу, а некои од нив најавија и дополнителни мерки кои треба да помогнат враќањето на визите сепак да не се случи.

Заменикот на германскиот министер за одбрана Оле Шредер, кој учествуваше на состанокот на министрите за правда и внатрешни работи во Луксембург, најави дека Германија планира да ги стави Србија и Македонија на листата на безбедни земји, што значи дека барањата на нашите азиланти ќе бидат разгледувани по итна постапка и речиси автоматски одбивани, бидејќи овој статус значи дека се земји без политички и друг прогон и дискриминација. Германија исто така размислува за намалување на паричната помош за азилантите, нешто што како можност го усвоија вчера министрите на состанокот, како и да им понуди помош на Србија и Македонија, па ако и тоа не даде резултат- да ги врати визите.

Дека проблемот се вжештува потврдија и интервјуата што министрите за внатрешни работи на Франција и на Германија ги дадоа вчера за водечките весници во своите земји, очигледно синхронизирано, и во кои и двајцата бараат заеднички одговор на Брисел околу зголемениот број баратели на азил од регионот.

„Нашите две земји се изложени на загрижувачки феномен: прилив на баратели на азил од земјите кои од неодамна уживаат безвизен режим. Нивните граѓани можат слободно да влезат во Шенген просторот. Овај прилив на баратели на азил, често неосновани, го загрозуваат нашиот национален систем за азил“, стои во интервјуто на францускиот министер Мануел Валс.

„Механизмите за кои ќе одлучиме во рамките на Европскиот Совет ќе треба да бидат спроведени на дело, посебно суспензијата на безвизниот режим. Тоа е нашата јасна порака која им ја испраќаме на Србија и Македонија, ако нема резултат од понудената помош. Ние бараме овие две земји да учествуваат во решавањето на проблемот“, порачал германскиот министер Ханс Петер-Фридриш. Ним им се придружија министрите на Шведска, Австрија, Холандија, Белгија, Луксембург, па и Велика Британија која воопшто не е дел од азилантската политика на ЕУ, што само е сигнал колку е силно лобирањето за промена на регулативите за безвизен режим. Од Лондон се тврди дека и тие го чувствуваат проблемот со преголемиот број барања азил на наши граѓани во ЕУ.

Европската комисија, пак, презентирајќи го извештајот за ефектите од безвизниот режим, остана на ставот дека Србија, Македонија и другите земји прават напори да запре азилантскиот бран, дека најголемиот број патници од нашите земји н�� го злоупотребуваат ова право и дека големиот број азиланти се должи, меѓу другото, и на финансиските бенефиции што ги добиваат - индиректно сугерирајќи дека и во земјите членки лежи дел од проблемот.

Инаку, острите изјави на германскиот министер наидоа на критика од Социјалдемократите и Зелените кои сметаат дека Фридрих не покажува никаква чувствителност кон ромската заедница.

„Изјавите на Фридрих покажуваат технократска студеност кон најсиромашните“, оценил пратеникот на Зелените, Фолкер Бек, а портпаролот за внатрешна политика на СПД, Рудигер Фајт рекол дека „Фридрих води предизборна битка на грбот на српските и македонските азиланти, мнозинството од нив Роми“.


Статијата е прочитана 3277 пати.

Испрати коментар



Груевски не им се извини на жените
Македонија не е на мапата на Хилари
Пет години дебата за 5.000 амандмани на ДУИ
Борците од НОВ пред иселување
Ништо не може да го намали значењето на Крсте Црвенковски



vizija, 26.10.2012 00:13:01
Dosta im beshe na Hunzite i Shumadincite patuvanje,ajde pak u Karanten...
demokrat, 26.10.2012 00:18:12
Iako nema da se vrati viznata bariera, ova sepak e slakanica za makedonskata vlada. Vo EU postojat i vlijatelni politicari koi se kategoricno protiv povtornoto voveduvanje na vizite. Od edna strana EU neguva vistinski vrednosti, pocituvanje na covekovite prava i slobodi so sto dojde i Nobelovata Nagrada, koja ne padna tuku taka od nebo. Ministrite za vnatresni raboti, pak, so baranjeto na sengenski zid za balkanot gi pogazuvat ovie vrednosti i predizvikuvaat diskontinuitet vo integracijata na evropskite narodi.
Shengencanec, 26.10.2012 00:34:50
Ma ne e problemot vo azilantite problemot e sto cela Evropa e vo kal do gusha. Sekoj den se gleda kako tonat se povekje i zalicuvaat na americkite gradovi kade nadvor od centarot stanuva rizicno da se dvizite. Pola Frankfurt, Paris i Berlin se teski geta kade moze da ve utepaat za 5 evra. Ova e samo obid se posiromasniot Evropeec da se nahrani so nacionalisticki ostatoci. Toj recept go gledame nie na Balkanot so decenii nisto novo za nas..
Ne lazete go zapadot, 26.10.2012 00:39:05
Ministerkata veli deka chinele maksimalni napori??? Svesna li e taa deka nikomu ne mu se potrebni napori, pa makar i maksimalni, nego rezultati! Namesto da go zatvorat Amdi Bajram so se sin mu Elvis Prisli i turistichkata im agencija ili agencii, so zaplena na avtobusite (kako traktorite so ukradeni drva), oni i ponatamu prodavat magla. Zapadnjacite se seriozni ludje i drzavnici, i na kraj pamet da ne vi padne da se poigruvate so niv kako so nas. Mameto ke ni go rasplachat, a se poradi eden pratenik i shaka glasovi. Neka mi izvinat, ama ne se tolku vredni!
satanco, 26.10.2012 06:08:23
blagodarenie na mudrata politika na grujo i neogviot partner AMDI AJSTAJN BAJRAM ce na zatvorat vo BALKANSKIOT DIZNILEND. se moli EU da pusti nekolku cisterni so HAJVAR I LJUTENKAda se zadovolat sit enasi potrebi.
nekso, 26.10.2012 07:17:25
Izlezna viza be braka. Ne treba viza od evropa tuku izlezna od doma. Da vidime koj ke mrdne i kade ke odi :)
НИКОЛА, 26.10.2012 07:42:30
И да ги вратат визите Нека стават прст на чело нашите челници и нека се запрашаат дали вреди еден глас толку . Да пати цела држава поради еден Бајрам , Елвис... Па во Шутка јавна тајна е дека за одреден износ Амди бајрам со синовите нудат азил ( читај убаво НУДАТ АЗУЛ, а не патување) . А неписмен народ - силно водство. Последните пари му се дават на Амди Бајрам за своето ветување, а ако нема азил ( а тоа е 99.99 % ) се знае луѓето назат во Македонија , а парите во џеб кај Амди и фамилијата. Па после тој што е вратен уште во поголема сиромаштија. Па потоа се крадело, просело се продаваат деца ... Се поради еден човек - глас за позицијата
nato-jato, 26.10.2012 08:33:30
Tocno kazuva Ne lazete go zapadot so komentarot za Amdi , ama nema koj da slusa toa e. Ukinuvanjeto na vizite e samo edna dobra rabota za ovie 6, 7 godini sto ja napravi Grujo, ako i toa ni go odzemat alal da mu e na premierot i site negovi ministercinja -papagalcinja i site gordi pratenicinja-poslusnici!
Nekoj, 26.10.2012 09:03:49
Da napomenam, deka so azilantite sekogas vo kontekst se stava romskoto naselenie od Srbija i Makedonija.Baraat da im se podobrele zivotnite uslovi, za da ne odele kaj niv.Znaci tolku se zagrizeni, sto ako ne im se tamu, gi sakaat mnogu, ama im dojdoa li tamu, ne sakaat ni da gi cujat, ne pa da gi vidat.Kazete im deka vo Makedonija moze da se skoluva koj sto saka, toa sto kutrite azilanti se bez nikakva struka e niven problem.Ako se nekade diskriminirani, toa e vo EU, a najmalku vo Srbija i Makedonija, megutoa, znaat azilantite zosto e taka kako sto e.Istoto e i so ogromnoto malcinstvo.Imav prilika da sretnam eden Kosovec, koj najmnogu pluka na svoite zatoa sto go izlazale,i zivee ovde so 3-400 evra, i sekojdnevno se pojavuva vo policiska stanica na raport.E sega sporedete ja demokratijata(anarhicna) kaj nas i vo EU.Isti zbor, razlicni dimenzii.Da ne govoram za romite od Ceska, Slovacka, Romanija itn, koi se ovde i prosat po ulicite.
bezanec, 26.10.2012 10:18:55
Со таквата коалиција, поготово со Амди Бајрам, кој е и организатор на лугето за барање на азил,со неговиот неписмен син,како градоначалник на Шутка,положбите што ги имаат гледат само профит а за Македонија баши гајле, бидејки цел свет е нивна татковина. На здравје Македонио поготово за вмровците кои исто така се однесуваат.
BAJRAM TURS, 26.10.2012 11:01:30
Sto mislat onie od EU. Ako ja ukinat viznata liveralizacija , ce mu go rasipat bisnisot na koalicioniot partner na VMRO , Amdi Bajram i negoviot visoko skoluvan sin Elvis, so koj dobro zarabotuvaat odtransport na azilanti vo Zapdnoevropsikte zemji. A znaete li vie od Evropa ako se razluti Amdi sto se moze da vio napravi? Nemojte da si igrate so Amdi od Sutka , bidejci istiot e poznata svetska licnost.Ako treba ce se zali i kaj Obama.Toj covek , poranesen osudenik za kriminal da bide tri pati parlamentarec e bruka i sramota za nasiot parlament, a i ja kazuva zrelosta na romskoto naseleni kaj nas.
Јосиф Давидов, 26.10.2012 11:16:11
Ова ми личи на поговорката “мижи асан да ти бајам“ зошто слободно не кажат овие европјанве дека не сакаат роми и албанци во своте држави, тоа и врапчињара го знаат, а не дека се плашеле од азиланти а самите велат дека од 625 баратели за азил одобрен му е само на еден азил и тоа тој не бил ром. “цивилизираните европјани“ имаат едно и единствено правило, а тоа е кој ја има моќта тој ја има и власта и ништо повеќе.
slajk, 26.10.2012 13:44:51
ne e kriv amdi bajram kriva e vladat sve poakcila a platite nikako da gi pokaci narodot bega od siromastija vo evropa ljuqeto se borat za opstanok vo makedonija cenite vo makedonija se isti kako vo evropa a platite imaat golema razlika neka popravi malku vladata so platite neka ne kradat samo neka se grizi i za narodot malku zasto narodot mu bega neka se zaprasa a ne da bareme krivec amdi bajram nikoj so sila ne gi zema da gi nosi vo eu ljuqeto sami od cela makedonija begaat baarat resenie za sebe i za familijata svoja ako sakame eu nemoze vo eu so 200 ili 250 evra mesecna plata da bideme realni KRIVEC E AJDUKOT VLADATA

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Обилни врнежи

Недела
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 8°C

Понеделник
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (37)
Власта никогаш не е доволна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Уметноста е начин на комуникација
Ликовниот уметник Игор Јосифов и во МСУ, како на повеќе места во светот, ја привлече публиката со своите дела...
Интервју - По сето актерство во денот, ѕиркам во очите на Ахил
Јас бев пионер во нешто што сега е веќе етаблирано. Синхронизацијата беше, можеби, мојот најголем професионален ризик, к...
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |