27.10.2012, 13:55 Балетот „Дон Кихот“ вечерва на сцената во МОБ
Претставата е на Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент ќе биде Бисера Чадловска
На сцената во Македонската опера и балет вечерва во 20 часот ќе се изведе балетската претстава „Дон Кихот“ на Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставата ќе биде Бисера Чадловска.
Во улогата на Китри ќе настапи солистката Мими Поп Алексова, во улогата на Базил ќе настапи солистот Бобан Ковачевски, Улична и Мерцедес е Ивана Коцевска, додека Тореадор е Игор Веланоски.
Својата светска премиера балетската претстава „Дон Кихот“ ја доживува во 1869 година во театарот „Баљшој“ во Москва. Прв пат на македонската сцена е изведена во 1972 година. Ова е приказната за ветерниците, совршената жена, вистинската љубов...
|