27.10.2012, 11:10 МЗТ Скопје со Пипaн по триумф против Црвена звезда
Дебито на словенечкиот стручњак на клупата на „металците“ е во спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 17 часот
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска е пред нов предизвик во АБА лигата, со новиот тренер Алеш Пипан да ја прекине серијата од три порази во низа. Почетокот на натпреварот во „Спортскиот центар Борис Трајковски“ е во 17 часот.
Покрај натпреварот во Скопје, денеска ќе се играат и натпреварите: Цибона - Широки, Шолнок - Сплит и Крка - Будуќност.
За утре се закажани дуелите Цедевита - Задар и Партизан - Раднички, а колото ќе биде комплетирано в понеделник со средбата Игокеа - Унион Олимпија.
Табела: Игокеа 10 бодови, Партизан 9, Цедевита 9, Унион Олимпија 8, Крка 8, Сплит 8, Цибона 7, Раднички 7, Будуќност 7, Широки 7, МЗТ Скопје Аеродром 7, Црвена Звезда 6, Задар 6 и Шолнок 6.
|