25.10.2012, 09:23 Вардар Про доминантен против Борац
Ракометарите на Вардар Про синоќа против Борац Бања Лука со убедливи 36:25 ја постигна четврта победа во СЕХА лигата
Екипата на Вардар Про вечерва во СРЦ Кале во Скопје го победи Борац Бања Лука со убедливи 36:25 во натпревар од 6.коло на ракометната регионална СЕХА лига.
Македонскиот претставник, кој е бранител на трофејот во ова натпреварување, ја имаше целосната резултатска контрола и во ниту еден момент не му дозволија на гостинот да се приближи и да ја загрози победата.
По оваа победа, Вардар Про кој целосно се „рехабилитира“ за поразот во минатото коло од Татран Прешов на домашен терен, е на делба на врвот на табелата со хрватскиот претставник Загреб КО.
На вчера одиграните натпревари од 6.коло: Загреб КО – Нексе 33:31 и Слога – Ловќен 29:33.
Втората македонска екипа во оваа лига Металург, дуелот со Брест Мешков на гости ќе го одигра на 12 декември, додека македонскиот првак следниот натпревар ќе го одигра в петок со Загреб (7.коло) во салата „Автокоманда“ во Скопје.
Табела: Загреб КО 13 бодови (5 натпревари), Вардар Про 13 (6), Татран Прешов 12 (5), Нексе 12 (6), Ловќен 10 (6), Металург 9 (5), Брест мешков 6 (5), Извиѓач 6 (6), Борац БЛ 1 (5), Слога 0 (6). |