Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
25.10.2012, 13:11
Словенецот Алеш Пипан нов тренер на МЗТ Скопје



Според информациите од клубот од Аеродром, Пипан вечерва ќе се запознае со играчите, а на клупата треба да дебитира в сабота на дуелот против Црвена Ѕвезда

Македонскиот шампион ја заврши потрагата по ново квалитетно тренерско име. И официјално, Словенецот Алеш Пипан ќе биде новиот „кормилар“ на МЗТ Скопје. Искусниот стратег и челниците ги договорија деталите, во таборот на „металците“ за почеток ќе остане до крајот на оваа сезона. Откако по оставката на Александар Тодоров првите луѓе на клубот имаа неуспешни преговори со домашни тренери, одлучија да се свртат кон странскиот пазар, без долго размислување изборот падна на Пипан.

„Ги договоривме сите детали со Алеш Пипан, договорот е потпишан со важност до крајот на сезоната. Имавме премногу варијанти, екстремно голем број на тренери беа кандидати за местото, но Пипан ни беше една од првите три опции и задоволни сме што ќе го имаме на клупата. Мислам дека донесовме вистинско решение. Станува збор за човек со огромно искуство. Водел две репрезентации, неколку клубови во АБА лигата, запознат е со квалитетите на екипите во јадранската лига. Затоа според нас, Пипан е добар избор. Нема да има никаков проблем со тоа што е селектор на Полска. Како што ни кажа и самиот, обврските со националниот тим му почнуваат дури во јуни“, изјави претседателот, Сашо Босилков.

Мисијата на Словенецот во таборот на македонскиот шампион првенствено ќе биде кревање на самодовербата на играчите, а потоа обезбедување на опстанок во дебитанската сезона.

„Наш приоритет не се моментални резултати, туку кревање на тимот и изнаоѓање на излез од кризата. Како што веќе рековме, наша примарна цел е да обезбедиме опстанок, би било одлично кога би се нашле меѓу најдобрите осум тима на табелата, веруваме дека Пипан може да ни помогне во реализацијата на таа цел“, вели Босилков.

Пипан побарал веднаш се фати за работа, вчеравечер требаше да го одработи првиот тренинг, а веќе денеска ќе биде официјално преставен пред јавноста. И покрај тоа што искусниот 53-годишен стратег во таборот на македонскиот шампион доаѓа ден пред средбата со „црвено-белите“, што краток период за запознавање на тимот од челниците на клубот побарал своето деби да го има в сабота.

„Пипан ни најави дека сака да ја води екипата против Црвена Звезда. Кај тренерите нема рок во кој треба да бидат пријавени за да водат некоја екипа во АБА лигата, нема проблем од таа гледна точка“, заврши првиот човек на македонскиот шампион.

На клупски план Словенецот има работено во Задар, Анвил Влоцлавек, Марибор, Загорје, Крка и Геоплин Слован. Покрај тоа што е актуелен селектор на Полска, претходно ја водеше Словенија на ЕП 2005 и 2007, СП 2006, како и на квалификациите за ОИ 2008 година.

МЗТ со предупредување до своите навивачи

Пред дуелот со Црвена звезда раководството на МЗТ Скопје ги информира своите навивачи да бидат претпазливи, бидејќи е најавено доаѓање на поголема група приврзаници на „црвено-белите“, кои би можеле намерно да провоцираат и да иницираат инцидент како тој на мечот меѓу Будуќност и Партизан во Подгорица .

„Постојат индикации дека е можно да дојде до организирање на одредени групи од Скопје, но и од другите градови во Македонија, кои се симпатизери на Црвена звезда и кои би можеле со разни провокации и навреди да се обидат да создадат тензична атмосфера и евентуални нереди. Провокациите почнаа веќе пред две седмици, кога новинар вработен на клупски сајт само со една објава ја почна хајката со која нашата публика беше оквалификувана како расистичка, а која подоцна беше пренесена од многу странски медиуми. Сакаме да ги предупредиме нашите навивачи да не реагираат на никакви провокации, бидејќи на средбата ќе бидат присутни и челниците на АБА-лигата, и уште еднаш да докажат по што се препознатливи МЗТ Скопје и македонската кошарка воопшто во Европа и во светот“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.






Статијата е прочитана 977 пати.

Испрати коментар



Нада�� ги откажа Париз и Лондон
Пипан - Ќе се обидам да ја подигнам играта на повисоко ниво
Азаренка не знае против Серена
Самарџиски победи, Антиќ и Мекејлеб поразени
Само Георгиевски со победа во Лига Европа
Јубилејниот 100. Тур де Франс ќе почне на Корзика
Кожув немоќен против Рилски
Азаренка на мускули против Кербер
Германска енигма за „кралевите“
Вардар Про доминантен против Борац
„Фемили“ го минира Рајковиќ!
Магдебург се плаши од „Кале“
Шахтјор му зеде мерка на Челзи

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Обам�� гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...
Верски профит во Мека
Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија...
Доналд Трамп во отворена војна со Обама
Ќе даде пет милиони долари во добротворни цели ако Обама ги објави своите документи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |