26.10.2012, 17:08 Берлускони осуден на четири години затвор
Поранешниот италијански премиер е осуден за даночен криминал со неговите телевизиски станици
Италијанскиот Суд ги прогласи за виновни поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони и десетмина негови соработници за прикривање данок. Експремиерот се терети за прикривање на 250 милиони евра од телевизиски права, јави попладнево британскиот Скај Њуз.
Даночниот скандал е од пред шест годни, а пресудата беше изречена денеска. Со неа освен четиригодишна затворска казна, Берлускони заработи и тригодишна забрана за политичка активност.
Пресудата се случи само два дена откако тој обзнани дека нема да се кандидира за премиер на претстојните избори во Италија.
Белускони, кој е вовлечен во неколку скандали и процеси, меѓу кои и тој за плаќање и користиње сексуални услуги од малолетничка, има право на жалба и се очекува да ја обжали одлуката на првостепениот суд.
|