27.10.2012, 11:38 Казната затвор на Берлускони намалена на една година
Останува забраната да извршува каква било јавна функција во текот на три години, а осуден е поради затајување даноци во врска со откупот на дистрибуциски права во неговата медиумска компанија „Медијасет“
Судот во Милано денеска непосредно по изрекување на казната од четири години затвор на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, ја намали на една година врз основа на законот за амнестија кој во 2006 година го усвои тогашната влада на левиот центар за да ја реши пренатрпаноста во затворите.
На Берлускони му е задржана забраната да извршува каква било јавна функција во текот на три години, а осуден е поради затајување даноци во врска со откупот на дистрибуциски права во неговата медиумска компанија „Медијасет“.
Берлускони (76), за кого Обвинителството бараше казна затвор во траење од три години и осум месеци, според италијанскиот закон, има право да се жали на судската одлука два пати пред таа да стане правосилна.
Берлускони оцени дека пресудата претставува „неподносливо малтретирање од страна на судот“.
Берлускони не присуствуваше при донесувањето на пресудата за злоупотреби при купување права за американски филмови. Тоа е прва пресуда против Берлускони.
|