27.10.2012, 20:09 (ФОТО) Одржана манифестацијата „50 години евергрин во Македонија“
Во Универзалната сала беа изведени 20-те композиции, кои според изборот на македонските граѓани се најслушани во изминатите децении
ФОТО: Петр Стојановски
Во Универзалната сала синоќа се одржа манифестацијата „Македонски евергрин“ за 50 години забавна музика во Македонија, на која беа изведени 20-те композиции, кои според изборот на македонските граѓани се најслушани во изминатите децении.
Манифестацијата ја отвори евергрин радио водителот Драган Б. Костиќ, а ја водеше заедно со Ирена Спировска и Бојана Тевчева.
Познати музички имиња и групи од македонската естрада ги изведоа избраните песните „Тајно моја“ од Тоше Проески, „Сите мои слики“ од „Ареа“, „Галебе“ од Верица Ристевска, „Како Вардар“ од Зафир Хаџиманов, „Ивана“ од Кемал Монтено, „Високи штикли и црни чорапи“ од „Конкорд“, „Еден бакнеж“ од Нина Спирова, „Моја гитара“ од „Банкрот блуз бенд“, „Дал да плачам“ од „Бис без“, „Кажи нешто драга“ од Драган Мијалковски, „Неправда“ од „Лева патика“, „Сонце за три светови“ од Мики Јовановски-Џафер, „Кажи зошто ме остави“ од Никола Боби Автовски, „Се што сакав по тебе“ од Симеон Гугуловски, „Остани во мене“ од Калиопи, „Осамен“ на Трајче Манев, „Срце тетовирано“ од Трифун Костовски и Александар Митевски, „Љуби ме и главата горе“ од Зафир и Сенка Хаџиманов, „Кога те нема“ од Хелена Благне и „Роза сина“ од Д.Поповски и З. Милосављевиќ.
Авторите на овие незаборавни песни добија специјални плакети.
|