25.10.2012, 12:38 Елизабет Тејлор најбогатa меѓу познатите покојници
Холивудска актерка е на врвот на листата на „Форбс“ на најбогати починати лица, а минатата година во нејзино име наследниците добиле 201 милион долари
Елизабет Тејлор ја предводи листата на списанието „Форбс“ на познати личности, чии приходи по нивната смрт изнесуваат десетици, па и стотици милиони долари.
Наследниците на легендарната холивудска актерка минатата година во нејзино име добиле 201 милион долари. Тејлор почина во март минатата година на 79-годишна возраст. „Форбс“ нагласува дека поголемиот дел од таа сума доаѓа од аукциите за продажба на нејзиниот накит и аксесоарите, а останатиот дел од хонорарите за нејзините филмови и од продажбата на нејзиниот парфем.
На второ место е Мајкл Џексон, кој почина во 2009 година, чии приходи минатата година изнесувале 149 милиони долари. Трет е Елвис Присли, кој почина во 1977 година и чии наследници лани добиле 55 милиони долари.
Меѓу првите десет на листата на „Форбс“ се и авторот на комедии и анимирани филмови Чарли Браун, кралот на регето Боб Марли, актерката Мерлин Монро, како и физичарот Алберт Ајнштајн со десет милиони долари.
На листата се вклучени познати покојници, чиј приход минатата година ја надминал сумата од пет милиони долари. |