26.10.2012, 12:35 Маите демантираат: Нема да има крај на светот на 21 декември
Припадниците на народот на Маите во Гватамала на чело со претседателот на здружението, Филипе Гомез, ја обвинија Владата, но и бројни други кои се обидуваат да се збогатат на календарот на Маите и нивните претскажувања.
- Зборуваме против измама, лажење, извртување на вистината и претварање на нашата култура во фолклор за профит. Тие не ја зборуваат вистина за временските циклуси, рече Филипе Гомез.
Да се потсетиме, веќе со години во јавноста се пласира информацијата дека крајот на светот ќе биде на 21 декември 2012 година, наводно, според претстакажувањето на Маите.
Токму за тој ден во Гватамала се подготвуваат бројни случувања.
Министерството за култура на 21 декември организира масовна приредба на која би требало да присуствуваат 90.000 луѓе и настанот да го промовираат во целиот свет за да привлечат и голем број туристи.
Гомез побара тоа случување да биде одложено, затоа што ја навредува кулутрата на Маите. Во соопштението наведе дека според календарот, нема да биде крај на светот на тој ден, туку тоа е голем почеток за Маите, односно претставува промени во нивниот приватен, деловен и во животот на целата заедница за да се одржи целата рамнотежа и согласност меѓу луѓето и природата.
|