25.10.2012, 15:52 Фатена група која продавала девојчиња од Македонија и од Косово
Париз - Француската полиција разби мрежа на трговија со луѓе, при што се уапсени седум лица со потекло од една балканска земја кои живеат во Франција. Полицијата се сомнева дека уапсените купувале деца од семејства во Македонија и Косово за 1.000 евра, кои потоа ги препродавале во Европа за 10.000 евра.
Во акцијата била вклучена и германската полиција, која уапсила и други членови на истото семејство кое живеело во Германија, јавува дописникот на МИА од Париз. Според извори блиски на истрагата децата не биле користени во педофилски мрежи или за робување, туку тоа наводно била ���локална традиција“. Истражните органи успеале да пронајдат две девојчиња на возраст од дванаесет години отстапени како обични предмети. Едното било пронајдено во Белгија во близината на Ганд, во домот на три други лица кои исто така беа уапсени и се уште се наоѓаат во притвор. Другото девојче е пронајдено во Франција во Монтлусон, купувачите кај кои тоа беше пронајдено се исто така уапсени и се уште се во притовор. Двете девојчиња се здрави и според помошникот обвинител од Нанси Грегори Веил, тие не биле малтретирани, не биле врзани ниту повредени кога ги пронашла полицијата. Тие немале ниту траги на насилство. Засега не се знаем многу за нивната судбина, ниту која била крајната намена. Сослушувањето на девојчињата треба да дозволи да се дознае повеќе исто како и на уапсените.
Против уапсените најверојатно ќе биде подигнато обвинение за „организирана трговија со луѓе“, за што е предвидена и можна казна од 20 години затвори и три милиони евра парична казна. (МИА)
|