26.10.2012, 13:09 Самарџиски победи, Антиќ и Мекејлеб поразени
Литвос Ритас ја забележа првата победа сезонава во Евролигата, а најзаслужен за триумфот над Партизан (69:61) беше македонскиот центар со 14 поени и пет скока
Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграа осум натпревари од 3.коло, во кои екипата на Литвос Ритас за која настапува македоснкиот репрезентативец Предраг Самарџиски го победи Партизан, а порази доживеаја Перо Антиќ со Олимпијакос и Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче Улкер.
Самарџиски беше најзаслужен за победата на литванскиот тим со учинок од 14 поени и пет скокови за 24 минути поминати на теренот, Антиќ за 12 минути игра постигна пет поени и еден скок, додека Мекејлеб имаше ефект од 12 поени и четири скокови за 29 минути игра.
Настапот на македонските интернационалци во 3.коло од Евролигата вечерва ќе го заокружат Владо Илиевски и Маркиз Грин кои се играчи на Цедевита.
Резултати од 3.коло во Евролигата:
Група А: Фенербахче Улкер - Реал Мадрид 75:83, Канту - Химки и Унион Олимпија - Панатинаикос (денеска). Табела: Реал Мадрид 5 бодови, Фенербахче Улкер 5 бодови, Унион Олимпија 3, Панатинаикос 3, Химки 3, Канту 2.
Група Б: Асеко Проком - Алба 77:66, Елан Шалон - Макаби 61:90 и Уникаха - Монтепаски (денеска). Табела: Макаби 6 бодови, Алба 5, Асеко Проком 4, Шалон 4, Уникаха 3, Монтепаски 2.
Група Ц: Армани - Каха Лаборал 85:95, Олимпијакос - Жалгирис 61:79 и Анадолу Ефес - Цедевита (денеска). Табела: Жалгирис 6 бодови, Армани Џинс 5, Олимпијакос 4, Каха Лаборал 4, Анадолу Ефес 3, Цедевита 2.
Група Д: ЦСКА Москва - Бамберг 76:67, Литвос Ритас - Партизан 69:61 и Барселона - Бешикташ 72:60. Табела: Барселона 6 бодови, ЦСКА Москва 6, Бешикташ 5, Литвос Ритас 4, Партизан 3, Бамберг 3.
|