27.10.2012, 11:49 Изложба за Евреите во Меморијалниот центар на холокаустот
Колекцијата е направена врз основа на проект за усна историја од фондацијата Центропа од Виена
Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Амбасада на Унгарија, денеска во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе ја отвори изложба „Century of Jewish Memory”.
Колекцијата е направена врз основа на проект за усна историја од фондацијата Центропа од Виена, инспирирана од животните приказни на преживеаните од холокаустот од Австрија, Чешка, Словенија, Словачка, Полска и Унгарија.
Изложбата ќе ja отвори унгарскиот амбасадор Јожеф Бенце.
|