27.10.2012, 15:31 Промовирани реконструираните фасади на објектот „Пелистер“
Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска беа во обиколка на плоштадот „Македонија“ со цел промовирање на реконструираните фасади на објектот „Пелистер“ на плоштадот „Македонија“ и на новата фасада на зградата на улица „Никола Вапцаров“ број 2, објект над кафулето „Тренд“.
На објектот „Пелистер“ реконструирана е вкупна површина од околу 1.200 квадратни метри. Завршницата на фасадата е од дробен травертински камен, а на места од бакар и од ковано железо. Фасадата му даде комплетно нов лик на овој објект, а овозможи и исполнување на барањата за енергетска ефикасност.
Градот Скопје за реконструкција на фасадата на објектот „Пелистер“ од Буџетот издвои околу 30 милиони денари.
На зградата на улица „Никола Вапцаров“ број 2, објект над кафулето „Тренд се реконструираше челниот дел на објектот којшто гледа кон градскиот плоштад. Обновена е површина од 210 квадартни метри, со природен материјал, стакло и со соодветна изолација. Реконструкцијата на оваа фасада чини околу 3,5 милиони денари. Градежните гработи за реконструкција на фасадите ги изведе градежната компанија „Бауер БГ“.
|