| 25.10.2012, 13:32Производите на „Витаминка“ во Обединетите Арапски Емирати 
 
  
 Македонската компанија „Витаминка го прошири својот пазар кон Обединетите Арапски Емирати, извезувајќи ги корнфлексите „Дардо“ и „Чока Мока“ и на арапскиот пазар.
 
 - Со извозот во Обединетите Арапски Емирати отвораме дополнителен пазар од 8 милиони потрошувачи. Секако, нашиот пласман на светскиот пазар не застанува тука, бидејќи визијата на тимот на „Витаминка“ е да работиме на експанзија и промоција на нашите производи секаде низ светот, изјави Љупчо Велески, директор на извоз на „Витаминка“.
 
 Покрај извозот во Обединетите Арапски емирати, „Витаминка“ почна и извоз ��а „Чоко стоби“ флипс во Саудиска Арабија пазар со 28 милиони потрошувачи.
 
 „Витаминка“ досега ги извезува своите производи во над 25 земји. Едни од најпрепознатливите се крцкавите корнфлекси од пченка „Дардо“ и „Чока Мока“, кои се погодни за појадок на децата и целото семејство и претставуваат здрав и лесен за приготвување оброк.
 
 
 
 |