24.10.2012, 12:06 Осумнаесетгодишник се фрли од зграда во Карпош
Јован Костадинов (18 години) е момчето кое утрото околу 10.30 часот си го одзеде животот скокајќи од зградата број два на ул. „Брадфортска“, во општина Карпош, каде што живеел.
Костадинов паднал врз покривната конструкција на хотелот Гранит и веднаш полинал. На местото на настанот екипи од СВР - Скопје извршија увид, во присуство на јавен обвинител и истражен судија. Мотивот за самоубиството засега останува непознат. |