Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
25.10.2012, 09:01

Муслиманите слават Курбан Бајрам

Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан

Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам.

Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.

Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи по повод Курбан Бајрам упати порака и честитка до муслиманските верници:

- „Овој празник ги повикува сите верници да бидат разумни, го одразува нивното искрено враќање кон начелата на Исламската вера, да култивираат хумани, и човечки вредности спрема сите, со посебен акцент, кон најблиските, соседите и сите оние што имаат потреба. Нашето општество денес, повеќе од кога било до сега, има потреба да му се обрати на Бог, да се врати кон верувањето и варата, затоа што, небрежноста и запоставувањето на Божествените учења, со сигурност не доведуваат до загуба и дегенерација на општествените и човекови вредности во целост. Празникот на Курбан Бајрам, на симболичен начин, ја претставува жртвата, односно Курбанот, всушност чин, кој во себе содржи возвишени значења и сеопфатни позитивни ефекти. Ја претставува жртвата за возвишени цели, посветеноста кон идеалите, и постигнувањето на постојано задоволство кај Создателот на универзумот.

Овој празник, се поврзува со неколку процеси, кои, гледано од аспект на Исламска гледна точка, имаат посебно значење: се поврзува со извршување на петтиот услов на Исламската вера – Хаџот, кој собира милиони муслимани од сите земји на светот на едно место, на светата земја Арефат, чии што дел, се и хаџиите на нашата земја, каде што сите обединети, со мноштво молитви му се обраќаат на Создателот на Универзумот. Се поврзува со еден настан од пред нашата ера, всушност, со возвишеното дело на Ибрахим алејхи-селам, кој, заради Ал-лах џеле-шануху, сакаше да го жртвува неговиот син Исмаил алејхи-селам. Во меѓувреме, се поврзува и со завршувањето на објавата, на чесниот Кур’ан, последната света книга. Овој празник, го претставува Исламскиот концепт за единството, кој треба да биде функционален, односно, и практично да се докаже во секојдневниот живот, да се манифестира на секаде каде живеат и делуваат муслиманите. Во меѓувреме, континуирано ја мотивира сензибилизацијата, за унифицирање на ставовите, во соочувањето со предизвици, и за умно и мудро решавање на евентуалните контексти, во духот, на толеранцијата и Исламските начела.

На крај, овој празник, нека биде еден мотив повеќе, да богатите ги усреќат сиромашните, оние што немаат и сираците, секако нека биде и мотив повеќе, за пружање на раката на помирување, како и за взаемни посети на блиските и пријателите“, се вели во бајрамската порака на поглаварот на ИВЗ.

Првиот ден на Курбан Бајрам, 25 октомври, е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.


Статијата е прочитана 779 пати.

Испрати коментар



Берлускони осуден на четири години затвор
Опозицискиот Сојуз ги претстави кандидатите за градоначалници во Скопје
За девет месеци буџетскиот дефицит колку за цела година
Просечната нето плата во август 20.965 денари
Корисниците на ОНЕ ќе сурфаат преку Сан Вајрлес
Наградата „Сахаров“ за ирански активисти
Полицаец вмешан во шверц на лажни азиланти во ЕУ
Директор на „Ексон мобил“ убиен во Брисел
Самарас го величеше Александар Македонски во Солун
Дијаспората ќе вади пасоши во македонските дипломатски претставништва
(ФОТО) Николиќ - Спорот меѓу МПЦ и СПЦ не е нерешлив
На Груевски не му се брза со одговорот до Грција
Викендот обилни врнежи и засилен ветер
Владата ќе отвора банка за матични клетки
„Окта“ од наредната недела ќе пласира готови производи
Бразилка роди близнаци на 61 година
Маите демантираат - Нама да има крај на светот на 21 декември
Филе - ЕУ мора да го задржи фокусот на проширувањето
ЕБOР - Годинава растот на македонската економија само 0,3 отсто
Покренато обвинение за „Монструм“
Мемети - Во Македонија има насилството врз децата и меѓу нив
ОМД ja критикува Клинтон за изоставувањето на Македонија
Над 40 Авганистанци убиени во бомбашки напад во џамија
Министрите на ЕУ за итни мерки за запирање на лажните азиланти
Кремљ демантира дека Путин има здравствени проблеми
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Создаден ембрион од тројца „родители“
Атина никако да го финализира договорот за штедење
Српскиот претседател Николиќ во посета на Македонија
Јани Макрадули кандидат за градоначалник на Скопје
(ФОТО) Спасувачка „драма“ на Матка
Поголеми субвенции за извоз на земјоделски производи
Маскиран во кловн силувал деца и сликите ги ставал на интернет!
Фатена група која продавала девојчиња од Македонија и од Косово
СДСМ ги критикува трошоците на власта за „Скопје 2014“
Грција чека одговор на Меморандумот
„Дојче телеком“ во Македонија и Хрватска ќе направи нов технолошки исчекор
Велика Британија излезе од рецесија
Норвешка донираше подвижна болница за АРМ
„Амнести интернешнл“ ја осуди прекумерната употреба на сила во ЕУ
Производите на „Витаминка“ во Обединетите Арапски Емирати
Санкции за работодавците, благосостојба за работниците
Владата ќе субвенционира решавање спорови со медијација
Хилари Клинтон на балканска турнеја без Македонија
Предлогот на Николиќ ја раскара СПЦ
Враќањето на визите би бил погрешен и радикален чекор
Повреден градежен работник во Бунарџик
ЕК негира каков било договор меѓу Грција и „тројката“
Бугарија ќе распише референдум за нова нуклеарка
Попоски на средба со Вишеградската група
„Аман“ ќе поднесе тужба против Регулаторната комисија и ЕВН
Осумнаесетгодишник се фрли од зграда во Карпош
Македонија ќе почне со преговори ако одобри Советот на ЕУ
Опозицијата се обедини во Сојуз за иднината
Момче почина туширајќи се во сопствената куќа
(ФОТО) Отворена новата зграда на Министерството за надворешни работи



Снежа, 25.10.2012 13:04:51
Срекен Курбан Бајрам на сите верници од муслиманска вероисповед ! Убав и празничен ден !..

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...
Верски профит во Мека
Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија...
Доналд Трамп во отворена војна со Обама
Ќе даде пет милиони долари во добротворни цели ако Обама ги објави своите документи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |