25.10.2012, 12:17 Повреден градежен работник во Бунарџик
Педесет и шестгодишниот градежен работник Љ.С. од Крива Паланка се здобил со сериозни повреди при пад од скеле додека работел во Технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик во близина на Скопје.
Како што соопшти МВР, Љ.С. паднал вчера попладне од скеле од висина од пет до шест метри додека работел на објект на ТИРЗ Бунарџик.
Повредениот работник е пренесен во Градска болница „Св. Наум Охридски“, каде е задржан на лекување
|