26.10.2012, 12:11 Windows 8 конечно достапен на корисниците
Целосно редизајнираниот Windows 8 нуди нов кориснички интерфејс специјално приспособен за компјутерите и таблет уредите со тач скрин и избор на апликации достапни од Windows Store
„Мајкрософт“ и официјално ја претстави најновата верзија на својот оперативен систем Windows 8 за кој се надева дека е доволно модерен да ги задржи постоечките корисници и да привлече нови.
Стивен Синофски, претседателот на Windows и Windows Live го започна вчерашното претставуавње во Њујорк со зборовите дека „Мајкрософт“ слави глобална достапност на Windows 8. Се пофали дека компанијата продала 670 милиони лиценци за претходната верзија на својот оперативен систем Windows 7.
Според неговите зборови, Windows 8 доживеал повеќе од милијарда и 240 милиони часови тестирање, па од таа причина очекувањата се големи.
Новиот оперативен систем на корисниците и компаниите во целиот свет ќе им биде достапен од денес, а како што кажа Синофски, со новиот и иновативен дизајн, на корисниците ќе им пружи сосема ново искуство.
„Од темел го преуредивме Windows", изјави главниот директор на Мајкрософт Стив Балмер, најавувајќи „ново доба за Мајкрософт потрошувачите" на големата свеченост во Њујорк.
Целосно редизајнираниот Windows 8 нуди нов кориснички интерфејс, широк избор на апликации достапни на Windows Store, достапност на 37 јазици и 149 пазари во светот. Во продажба ќе бидат пуштени две верзии - Windows 8 и Windows 8 Pro, a за деловните корисници и Windows 8 Enterprise која нуди нови можности во мобилната продуктивност со Windows To Go, Direct Access и BrandCache, како и со зголемена заштита преку BitLocker и AppLocker.
Истовремено со Windows 8, Мајкрософт го пушти во продажба и својот долгонајавуван таблет компјутер Surface.
|