27.10.2012, 13:39 Промоција на албумот „Длабоки корени“ на кочанското Етно џез трио
Промоцијата на албумот се одржа во рамките на манифестацијата „Кочани град на културата 2012“
Во големата сала на Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани синоќа се одржа концерт на кој беше промовиран албумот на кочанската група „Етно џез трио“ под наслов „Длабоки корени“.
- На албумот се содржани 10 песни , чиј звук се темели на нашето минато, на нашиот богат фолклор, со призвук на џез и поп елементи, латино ритам и слично, истакна по промоцијата Тородче Филипов, творецот на кочанското Етно џез трио.
Групата ја сочинуваат професионални музичари: Љубиша Филипов, клавијатури, Оливер Стаменков, тапани и Тодор Филипов на гитара. Како гости настапија студенти од Музичката академија од Штип-етно џез отсек кои исполнија неколку композиции инспирирани од богатиот македонски фолклор.
Промоцијата на албумот се одржа во рамките на манифестацијата „Кочани град на културата 2012“.
|