27.10.2012, 12:20 Азаренка против Шарапова во полуфиналето во Истанбул
Шарапова со 6-0, 6-3 ја збриша Саманта Стосур, а Азаренка со победа 7-6, 6-3 против На Ли го обезбеди првото место на ВТА листата на крајот од сезоната
Серена Вилијамс против Агњешка Радванска и Марија Шарапова контра Викторија Азаренка се полуфиналните двојки на престижниот завршен ВТА шампионат, што се одржува во Истанбул.
Шарапова со 6-0, 6-3 ја збриша Саманта Стосур и со 100-процентен учинок и се придружи на Серена Вилијамс меѓу најдобрите четири. Белорусинката Викторија Азаренка со 7-6, 6-3 дојде до посакуваната победа против На Ли, со која не само што се избори за можност да атакува на тронот во Истанбул, туку и си го обезбеди првото место на ВТА листата на крајот од сезонава.
Во третиот вчерашен дуел, полската тенисерка Радванска по голема борба со 6-7, 7-5, 6-4 ја совлада Италијанката Сара Ерани.
Почетокот на полуфиналните мечеви е во 14 часот. Првин на теренот во арената „Синан Ердем“ ќе се појават Вилијамс и Радванска, а потоа е мечот Шарапова – Азаренка.
|