Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
24.10.2012, 13:43
Магдебург се плаши од „Кале“



Левиот бек Вигерт се сеќава на студот и на „запалената“ публика во мечот од декември 2001 година, кој заврши 27:27

РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ

Барем на хартија, Магдебург е фаворит против Вардар про во третото коло од Купот на ЕХФ, но во таборот на некогашниот трикратен европски првак не се најсреќни поради ждрепката. Токму во сезоната кога ја освои Лигата на шампионите пред десет години германскиот бундеслигаш во групната фаза два пати ги одмери силите со „црвено-црните“, при што дома славеше со 33:19, а реваншот во Скопје заврши нерешено 27:27, иако гостите водеа на полувремето со 16:11. Левиот бек Бенет Вигерт се повикува на тој меч во СРЦ „Кале“, одигран на 1 декември 2001 година, за да го поткрепи своето тврдење дека добиле тежок противник.

„Во текот на последниот тренинг имаше ниски температури и речиси мраз на паркетот во старата сала ’Кале‘. Ги погледнав сите и прашав: ’Што се случува тука?‘. Два часа пред натпреварот салата беше полна и атмосферата убаво загреана. Ремито гледачите го прославија како победа. Таква атмосфера може да се очекува повторно во Скопје. Ова сигурно ќе бидат два тешки меча за нас против Вардар“, вели 30-годишниот Вигерт, кој заедно со физиотерапевтот Гвидо Енгеман беа сведоци на тој дуел. Обајцата беа во „Кале“ и две сезони подоцна, кога од македонскиот ракометен храм си заминаа со тесна победа од 30:28, а во Магдебург беше 38:24 за домаќинот, при што Вигерт со седум гола беше еден од најефикасните во својот тим.

Во Магдебург, сепак, најдоа и позитивна симболика од гостувањата во Македонија - секогаш кога доаѓале во Скопје стигнувале далеку во Европа. Во 2002 година триумфираа во финалето на ЛШ против Веспрем, а во 2004 беа елиминирани во полуфиналето од Флензбург поради помалку голови постигнати на гости.

Тренерот Франк Карстенс, кој ја троши третата сезона од петгодишниот договор со клубот од источна Германија, во првата реакција по дознавањето на противникот се пошегува дека се специјализираат за балкански екипи.

„По минатата сезона, кога одигравме повеќе пати против тимови од југоисточна Европа (Извиѓач од БиХ и Нексе од Хрватска, н.з.), мило ни е што ќе можеме уште повеќе да ја зацврстиме нашата репутација на експерти за Балканот“, изјави Карстенс. „Не можам да кажам ништо за играчкиот квалитет на нашиот противник, но суштинско за нас ќе биде да создадеме удобна предност во првата средба на домашен терен“.

Неговиот колега Веселин Вујовиќ му ја препушти фаворитската улога на Магдебург, но...

„Посакував да ги избегнеме екипите од Германија. Иако не се предавам однапред, факт е дека Магдебург ќе биде фаворит. Можевме да добиеме и посилен ривал, но Магдебург ќе биде доволно тежок. Барем ми се исполни желбата да го играме реваншот дома“, вели тренерот на Вардар про.

Првиот меч во Магдебург е на 24/25 ноември, а реваншот во Скопје на 1/2 декември.



Статијата е прочитана 881 пати.

Испрати коментар



Надал ги откажа Париз и Лондон
Пипан - Ќе се обидам да ја подигнам играта на повисоко ниво
Азаренка не знае против Серена
Самарџиски победи, Антиќ и Мекејлеб поразени
Само Георгиевски со победа во Лига Европа
Јубилејниот 100. Тур де Франс ќе почне на Корзика
Кожув немоќен против Рилски
Азаренка на мускули против Кербер
Словенецот Алеш Пипан нов тренер на МЗТ Скопје
Германска енигма за „кралевите“
Вардар Про доминантен против Борац
„Фемили“ го минира Рајковиќ!
Шахтјор му зеде мерка на Челзи

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...
Верски профит во Мека
Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија...
Доналд Трамп во отворена војна со Обама
Ќе даде пет милиони долари во добротворни цели ако Обама ги објави своите документи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |