26.10.2012, 12:47 Бразилка роди близнаци на 61 година
Бразилка на возраст од 61 година роди близнаци, јавија бразилските медиуми.
Бебињата се родиле во вторникот во градот Сантос. Тие се родиле предвреме во 31-та недела од бременоста, но се во добра состојба. Секое од нив тежело по 900 грама.
Мајката имала проблеми со притисокот, но нејзината здравствена состојба се стабилизира.
Жената и нејзиниот 55-годишен сопруг три пати изминатите десет години се подложиле на вештачко оплодување, се додека не им се остварил сонот да добијат деца.
|