26.10.2012, 16:03 Просечната нето плата во август 20.965 денари
Просечната исплатена нето плата по вработен во август изнесува 20.965 денари што претставува зголемување од 0,3 проценти во однос на истиот месец минатата година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната бруто плата, пак, изнесува 30.777 денари. Таа е зголемена во споредба со август минатата година за 0,2 проценти.
Зголемувањето кај бруто и нето платата се должи, пред сe, на покачувањето на просечната исплатена нето-плата во секторите Стручни, научни и технички дејности, Земјоделство, шумарство и рибарство и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Во споредба со јули годинава, зголемување е забележано во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Рударство и вадење камен и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Во август годинава, 2,5 проценти од вработените не примиле плата. |