Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
25.10.2012, 16:12

(ФОТО) Спасувачка „драма“ на Матка

„Тигрите“ за еден час успеаја да извлечат двајца „повредени“ планинари од стрмниот кањон, под будното око на австриските инструктори.

ФОТО: Киро Попов

Даниела Трпчевска

Утринската прошетка по стрмните карпи на кањонот Матка за двајца планинари денеска можеше да заврши кобно. Повредени и снемоштени тие останаа да висат на само неколку метри пред искачувањето на целта, на стрмната карпа која се извишува над браната. И покрај повредите, едниот од нив телефонски, сепак, успеал да повика пријател и да побара помош. По десетина минути од кај езерото Треска се слушна доаѓањето на полицискиот хеликоптер. Полека и внимателно, поради опасниот терен, полициските „тигри“ со специјални јажиња се спуштија од хеликоптерот на опасната карпа. За десетина минути се спуштија до местото каде што остана заглавен првиот планинар. Веднаш му беше укажана медицинска помош и му беа мобилизирани повредите. Потоа со специјална сајла беше извлечен од непристапниот терен. По половина час, заврши спасувачката мисија и на вториот повреден. Додека јато јастреби и орли надлетуваа над карпите каде што беа заглавени двајцата планинари, специјалците закачени со сајли успеаја да ги извлечат повредените, кои во воздух беа повлечени во внатрешноста на хеликоптерот. По само десетина минути беа пренесени во болница.

Ова е дел од спасувачката вежба која специјалните полициски единици денеска ја демонстрираа пред австриските инструктори во кањонот Матка. Високи претставници на МВР и на австриската амбасада ја следеа спасувачката „драма“ од терасата на ресторанот „Матка“.

Австрискиот амбасадор Михаел Баиер вели дека е воодушевен од убавината на кањонот, кој нуди многу можности за авантуристите, но и дека станува збор за опасен терен каде што може да се случи несреќа.

„Австрија е земја со многу планини и имаме искуство во вакви спасувачки мисии. Токму затоа наши специјални тимови ќе помагаат во обуката за справување со несреќи во сложени услови. Само минатата година нашите спасувачки екипи учествуваа во 400 акции во Австрија“, вели амбасадорот Баиер.

Кањонот Матка е една од најпривлечните дестинации за вљубениците во екстремните спортови, кои често во потрага по возбуда, се случува да останат заробени на високите и стрмни карпи од кои можат да бидат извадени само со помош на спасувачи, алпинисти или, пак, од страна на специјалните единици на полицијата и на Армијата.

Ако се има предвид дека досега стотина интервенции само полициските „тигри“ имале на овој дел од земјава, повеќе од јасно е дека Матка во исто време е и најпримамливиот, но и најопасниот кањон. Изминатите години оваа локација стана препознатлива по кобните несреќи, каде што неколкумина загинаа по пад во бездните, а меѓу нив имаше и искусни планинари и спасувачи, кои често пешачеле по патеките на дивите кози.

„Овој простор е одбран за вежба бидејќи станува збор за делови од Матка кои се непристапни и до нив тешко доаѓаат други спасувачки екипи. Досега сме имале околу 120 спасувачки мисии во земјава, а 90 отсто од нив биле токму на Матка“, раскажува Сашо Митевски, началник на Единицата за специјални задачи во МВР.

Ситуацијата е особено загрижувачка во зимскиот период. Тогаш е и најголем бројот на повици за помош од планинари и вљубеници во природата, кои или ќе залутаат по планината или ќе завршат на некои непристапни терени од кои не можат сами да се избават. Пред неколку години, специјални тимови извлекуваа момче кое во потрага во егзотични пеперутки, остана приклештено на една од стрмните карпи во кањонот. По неколку часа, тој беше успешно спасен.

Во мај годинава се случуваше вистинска драма над вештачкото езеро додека полицијата со хеликоптер извлекуваше двајца планинари од тешко достапен предел. Планинарите биле заглавени во една од карпите на кањонот, а акцијата на МВР следувала веднаш откако едниот од нив околу 19 часот со мобилен телефон повикал помош од полицијата.


Статијата е прочитана 2708 пати.

Испрати коментар



Среќен Курбан-бајрам за браќата Зендели од Тетово
Среде есен расцвета алгата во Охрид
Породилните боледувања доцнат и до три месеци
СДСМ е на потег за Струга
На граница треба пасош, а не бела кожа

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...
Верски профит во Мека
Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија...
Доналд Трамп во отворена војна со Обама
Ќе даде пет милиони долари во добротворни цели ако Обама ги објави своите документи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |