25.10.2012, 13:54 Кожув немоќен против Рилски
Избраниците на Маријан Србиновски на домашен терен беа поразени од бугарскиот тим со убедливи 99:76
Екипата на Кожув го запиша првиот пораз во дебитанската сезона во БИБЛ лигата. Избраниците на Маријан Србиновски на домашен терен беа поразени од Рилски Спортист со убедливи 99:76. И покрај големата подршка од верните фанови, гевгеличани немаа доволно сили да му се спротистават на бугарскиот тим, кој по три изедначени четвртини, победата ја осигура во последните десет минути. Тери Смит беше џокерот на гостите, Американецот врз три тројка во серија со што ги разигра и останатите соиграчи. Сето ова беше доволно за да Рилски Спортист пред крајот дојде до двоцифрена предност и да му го нанесе првиот пораз на македонскиот тим, кој се наожа на третото место во групата А.
Слободан Божовиќ и Миладин Пековиќ со по 16 поени беа најефикасни во редовите на Кожув, на другата страна Тони Смит беше прв стрелец на средбата.
Наредниот натпревар Марјан Србиновски и неговите момци го играат на 30 октомври против Кавала, грчкиот тим засега единствен со две победи по исто толку одиграни кола. (М.К.)
|