25.10.2012, 14:49 Велика Британија излезе од рецесија
Велика Британија во третиот квартал излезе од својата најдолга рецесија, од педесеттите години на минатиот век, откако оствари раст од еден процент на тримесечно ниво. Бруто-домашниот производ на Велика Британија, односно вкупната вредност на произведените добра и услуги, се зголеми во три месеци заклучно со септември многу повеќе од она што се очекувало, по падот во претходните квартали.
Аналитичарите очекуваа дека Велика Британија, членка на Европската унија, но не и на еврозоната, во третото тримесечје остварила раст од 0,6 отсто на квартално ниво. Ова земја кон крајот на 2011 година ја зафати долг бран на рецесија.
„Се проценува дека БДП во минатото тромесечје се зголемил за еден процент во однос на вториот квартал. Најголем придонес за растот дал секторот на услуги. Во производниот сектор исто така дојде до раст на активностите, додека пад е забележан во градежниот сектор“, се наведува во соопштението на британскиот Завод за статистика.
|