23.10.2012, 13:36 Момче почина туширајќи се во сопствената куќа
Дваесет и пет годишно момче од струмичкото село Пиперево починало вчера додека се туширало во бањата. Смртта, соопштии полицијата, настапила веднаш како последица од струен удар – на момчето не се најдени траги на насилство.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и истражен судија и увидна екипа од СВР-Струмица.
|