27.10.2012, 12:30 Српската Влада со пакет мерки за спречување на лажните азиланти
Српската Влада подготви пакет-мерки за намалување на бројот на српски граѓани кои заминуваат во држави од ЕУ за азил, објави Вечерње новости. Тоа го соопшти началникот на Управата на граничната полиција Ненад Бановиќ кој е и претседател на владина комисија за контрола на безвизниот режим.
Тој вели дека по барање на Белград, Германија се согласила да ја вклучи Србија во списокот на безбедни држави и се очекува и други држави од ЕУ тоа да го сторат. Во пракса тоа значи дека српски граѓани нема да може да побараат азил повикувајќи се на политичко гонење, и автоматски ќе бидат депортирани.
Комисијата планира заедно со Министерството за транспорт да засили контрола за издавање дозволи на возачи за меѓународен транспорт. Инспектори на Министерството ќе дежураат на границите и ќе ги враќаат возачите кои немаат валидни документи.
Мерките предвидуваат и засилување на соработката со европски партнери во чии држави има најмногу српски граѓани, азиланти.
Во изминатите три години околу 32.000 луѓе со српски пасоши побарале политички азил во Германија, Шведска, Белгија, Швајцарија и Луксембург, иако само еден отсто од молбите се прифатени.
|