27.10.2012, 20:37 Реми на Вардар Про во Нашице
Ракометарите на Вардар про пропуштија победа на гостувањето против Нексе во рамките на 7. коло од регионалната СЕХА лига, ремизирајќи 27-27 (13-13)
Избраниците на Веселин Вујовиќ имаа шанса за победа, но стативата во два наврати беше сојузник на домаќинот во финишот на средбата. „Црвено-црните“ беа подобар противник во текот на целиот дуел, но наивните грешки и промашувања на крај беа причина на крајот да мораат да се задоволат само со реми.
Најефикасен во редовите на актуелниот шампион во регионалното натпреварување беше Влатко Јовчевски со пет гола, додека четири пати мрежата на хрватскиот тим ја тресеа Лазаров и Рајковиќ.
И со освоениот бод Вардар е лидер на табелата со 14 бода, пред Загреб и Нексе со по 13, додека Металург има 12 бода, но и меч помалку.
|