Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
25.10.2012, 10:38

Приходот на „Фејсбук“ се зголеми за 1,26 милијарди долари

Растот на приходите од 32 отсто во третиот квартал се должи на зголемениот број  реклами и добивките од користењето на мрежата преку мобилен телефон

Приходите на „Фејсбук“ се зголемија за речиси една третина во изминатите три месеци, достигнувајќи 1,26 милијарди долари, покажуваат најновите резултати.

Зголемувањето на приходите од 32 отсто во текот на третиот квартал се случи благодарејќи на зголемениот број на реклами и добивки од користењето на оваа социјална мрежа преку мобилен телефон.

Акциите на компанијата се зголемиле за 13 отсто, на 21,97 долари, за време на тргувањето на светските берзи во текот на вчерашниот ден.

„Фејсбук“ успеа да го зголеми приходот од реклами на 36 отсто, што изнесува 1,09 милијарди долари повеќе во однос на минатата година.

Приходите по пат на мобилни телефони, односно од прикажувањето реклами на овие апарати, чинат 14 проценти од вкупното огласување, што според мислењето на аналитичарите е над очекувањата.

- Користењето на „Фејсбук“ преку мобилните апарати е во пораст и мораме да најдеме начин за поефикасна работа и поголем простор, изјави медиумскиот експерт Каролин Бакстер.

Оваа социјална мрежа неодамна го доби и милијардитиот корисник.


Статијата е прочитана 416 пати.

Испрати коментар



„Македонски евергрин“ вечерва во Универзална сала
„Твоите = мои очи“, нов роман од Христо Петрески
Windows 8 конечно достапен на корисниците
Проекција на „Трето полувреме“ во Лос Анџелес
„Куќичка“ на Оливера Николова, македонски претставник за „Балканика“
Елизабет Тејлор најбогатa меѓу познатите покојници
Студентка од Бразил ја продаде невиноста за 600.000 евра
„Животот е сон“ во чест на режисерот Цветановски
Комеморација за режисерот Цветановски на ФДУ
Во духот на Мајлс Дејвис, крајот го красеше „Скопски џез-фестивал“
Изложба и дебата во Национална галерија
(ФОТО) „Епл“ го лансираше iPad mini со 7,9-инчен екран

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...
Верски профит во Мека
Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија...
Доналд Трамп во отворена војна со Обама
Ќе даде пет милиони долари во добротворни цели ако Обама ги објави своите документи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |