20.09.2012, 10:20 Лацио го чека пекол на „Вајт харт лејн“
Англиско-италијанската пресметка го привлекува вниманието во првото коло од новата сезона во најмасовното европско клупско натпреварување - Лига Европа
Англиско-италијанската пресметка меѓу Тотенхем и Лацио го привлекува вниманието во првото коло од новата сезона во најмасовното европско клупско натпреварување - Лига Европа. Два тима со богата традиција и со многу трофеи зад себе се среќаваат во борбата за првите две позиции во групата Ј, во која се уште Марибор и Панатинаикос. Три бода на стартот е желбата на двете страни, а кој ќе излезе како победник ќе видиме вечерва.
Тотенхем најави дека ќе игра поинаку од минатата сезона кога не обрнуваа внимание на европските купови. Составот предводен од Хари Реднап испадна во групната фаза бидејќи целисно се фокусираа на домашниот шампионат.
Оваа година новиот тренер Андре Вилјаш-Боаш изјави дека лондонскиот тим ќе води сериозна битка за трофејот.
„Станува збор за сериозно натпреварување. Самиот факт дека учевствуваат тимови што испаднаа од Лигата на шампионите му дава тежина на турнирот. За мене, Лига Европа секогаш била и ќе биде престижно натпреварување и затоа максимално мотивиран влегувам во натпреварите. И екипата ќе игра максимално ангажирано бидејќи го сакаме трофејот. За Тотенхем тоа би било нешто специјално“, изјави Вилјаш-Боаш.
Пред себе тој има тим во фантастична форма. Лацио има три победи во серија во првенството што им е најдобар старт во после 38 години. Исто како и Боаш, и новиот тренер на Лацио Владимир Петковиќ најави дека екипата ќе игра сериозно.
„Со мислите сме во Лондон. Ќе се обидеме да победиме бидејќи тоа е нашата цел. Тимот засега делува одлично но можеме да бидеме подобри и на тоа работиме. На ’Вајт Харт Лејн‘ доаѓаме да изненадиме, нема да тактизираме и ќе направиме се' да оствариме добар резултат“, изјави Петковиќ.
Тотенхем најверојатно ќе стартува со истите 11 кои го победија Ридинг во саботата. Скот Паркер се враќа по повредата на Ахиловата тетива, а "вон" игра се Асу-Екото и Кабул поради сериозни повреди. 13-годишниот Кајл Хатон ќе мора да ја заземе левата бековска позиција бидејќи Боаш нема голем избор на тоа место.
Лацио доаѓа со проблеми со бековите поради повредите на Лулиќ и Конко, а на нивно место ќе играат Каванда и Скалони. Добра вест за Петковиќ е кам-бекот на Андре Диас.
ТАСЕВСКИ СО ХАПОЕЛ ВО БИЛБАО
Група А: Јанг Бојс - Ливерпул, Удинезе - Анжи.
Група Б: Хапоел - Атлетико, Плзен - Академика.
Група Ц: АЕЛ - Борусија Менхенгладбах, Фенербахче - Марсеј.
Група Д: Маритимо - Њукасл, Бордо - Бриж.
Група Е: Штутгарт - Стеауа, Копенхаген - Молде.
Група Ф: Днипро - ПСВ, Наполи - АИК.
Група Г: Генк - Видеотон, Спортинг - Базел.
Група Х: Интер - Рубин, Партизан - Нефчи.
Група И: Лион - Спарта Прага, Атлетик - Хапоел Кирјат Шмона.
Група Ј: Марибор - Панатинаикос, Тотенхем - Лацио.
Група К: Рапид Виена - Розенборг, Баер Леверкузен - Металист.
Група Л: Леванте - Хелсингборг, Твенте - Хановер.
|