23.09.2012, 15:54 Убиен поранешниот светски шампион Сандерс
Поранешниот боксер во тешка категорија бил убиен во вооружен грабеж во малото гратче Бритис во САД
Некогашниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Кори Сандерс, е убиен во вооружен грабеж во малото гратче Бритис во САД.
Несреќниот настан се случил во синоќа, кога тој бил присутен на забавата на својот внук во време кога се случил грабежот по што бил застрелан во стомакот. Покрај тоа што 46-годишниот Сандерс веднаш бил префрлен во болница, сепак подлегнал на повредата.
Поранешниот боксер во својата десетгодишна кариера има забележано 42 победи во 46 меча. Светската слава ја стекна во 2003 година откако на 37-годишна возраст го победи Владимир Кличко и ја освои светската титула во категоријата ВБО. |