24.09.2012, 16:22 Изложба на антички теракотни фигурини
Во изложбата се вклучени повеќе од 220 теракотни фигурини од античкиот период, кои првпат се претставени пред македонската јавност
Со отворање на изложбата „Антички теракотни фигурини од Македонија“ денеска во Музејот на Македонија ќе биде одбележано отпочнувањето на манифестацијата Европски денови на културното наследство.
Изложбата во мај премиерно беше поставена во Рим во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на светите браќа Кирил и Методиј“, а сега првпат ќе биде презентирана пред македонската јавност.
Во изложбата се вклучени повеќе од 220 теракотни фигурини од античкиот период. Повеќето од експонатите потекнуваат од локалитетот Исар-Марвинци, а презентирани се и предмети од збирките на Стоби, Завод и музеј Охрид и Народен музеј Гевгелија.
Автори на концепцијата за изложбата се Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, и Златко Видески, виш кустос во Археолошкиот оддел при Музејот на Македонија. |