25.09.2012, 13:24 Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија
Жена на возраст од 83 години хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје вчера починала од западнонилскиот вирус
еше хоспитализирана на Клиниката во тешка општа состојба. Двеиполгодишното девојче кај кое исто така беше дијагностицирана западнонилска треска вчера од Детската клиника е префрлено на Инфективната клиника поради тешката општа состојба во која се наоѓа.
- Детето е се` уште во сериозна, односно во потешка општа состојба. Се даваат максимални напори за лекување и негово извлекување од оваа состојба, рече д-р Валерија Кирова Урошевиќ, лекар-специјалист на Клиниката за инфективни болести.
Останатите двајца пациенти кај кои претходно беше дијагностицирана западнонилската треска, како што соопшти денеска Кирова Урошевиќ, се во добра општа состојба и во фаза на излекување.
Засега нема индикации за нови случаи од западнонилска треска. Во последните 24 часа исто така нема ниту прилив на нови пациенти сомнителни на западнонилска треска.
Во Македонија досега се евидентирани петмина заболени од западнонилска треска, од кои двајца починаа. |