Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
25.09.2012, 17:28

ВМРО против ВМРО на битолски начин

Се распламтува политичката борба меѓу ДПМНЕ и Народна во Битола

Битола - Битолските вмровци се свртија еден против друг. Според тоа кој на кое ВМРО му припаѓа, дали на ДПМНЕ или на Народна, во служба на партијата почнаа да фрчат кривични пријави. Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, а сега локален лидер на „народњаците“, Горан Невеновски, втор пат поднесе кривична против актуелниот градоначалник Владимир Талески. Ако првиот пат го клеветеше за измама на сопствениците на киосци на градското шеталиште, сега фрла сомнеж за злоупотреба на тендери. За Талески, пак, партијата на Љупчо Георгиевски е во изумирање и не планира да се занимава со неа.

Сепак, битолските вмровци неофицијално признаваат дека не им е сеедно што довчерашни сопартијци, роднини, па дури и кумови, лични пријатели кои имаат иста политичка идеологија се свртиле еден против друг.

Искусниот битолски политичар Невеновски стана интересен за јавноста откако не успеа да го испровоцира Талески да излезе со него на телевизиски дуел, иако јавно пресметуваше колку спечалил од градоначалничката функција за време на неговото владеење.

„Во ВМРО-ДПМНЕ изгледа никој не знае што значи транзициски политичар, а токму тоа може да се каже за Талески. Човекот во 2005 година влезе во политиката со еден општествен стан од театарот и по осум години од мандатот излегува со еден милион евра. Тоа е транзиција, влегуваш сиромав - излегуваш богат“, вели Горан Невеновски, од битолскиот комитет на ВМРО-НП.

Последната кривична пријава од ВМРО-Народна го товари Владимир Талески за незаконски тендер за тампонирање на 16 улици низ Битола.

„Поднесовме нова кривична пријава на градоначалникот Талески за злоупотреба на службената положба. Се работи за подоцна распишан тендер, значи, прво е набавен материјал ��а тампонирање, а потоа со анекси е дополнувано, што е спротивно на Законот за јавни набавки. Органите на прогон нека си преземат се' во свои раце“, обвини Невеновски.

Градоначалникот Владимир Талески токму ова лето почна со реконструкција на голем број улици во градот. Ги игнорира обвинувањата на Невеновски очекувајќи, како што вели, уште поголеми шпекулации во јавноста околу чесноста и транспарентноста во неговото работење.

„Јас кажав за ВМРО-Народна партија, ништо подобро не очекувам од нив и ништо нема да ме чуди. ВМРО-НП е партија во згаснување и во изумирање и нивниот однос е само потврда дека со нив и треба тоа да се случи“, возврати Талески.

Сепак, локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Зоран Илиоски, не остана индиферентен на обвинувањата на својот доскорашен сопартиец, па иако со јавноста најчесто комуницира преку портпарол, сега самиот излезе на прес-конференција и ги нарече вмровците на Георгиевски политички сателити на СДСМ. Тој констатираше дека иако има уште време до локалните избори, очигледно е дека нивните политички противници веќе создале вжештена предизборна атмосфера во јавноста.

„Додека СДСМ мака мачи да се справи со неединството во своите редови и се расправа за кандидат за градоначалник, преку нивните партнери, политички ’сателити‘ и безначајни партии во градот безуспешно се обидува сопствената дефокусираност да ја преслика и кај нас. И тоа со инсинуации, неосновани тврдења и лични дисквалификации на наши членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа нема да им успее. ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија. Ние многу добро знаеме што сакаме и што правиме и немаме намера да се занимаваме со нивните локални салонски игри“, рече Илиоски.

Горан Невеновски е единствениот кандидат за градоначалник на Битола на ВМРО-Народна партија и коалицијата „Пелистер“, секако, доколку предизборно не се здружат со СДСМ. (А.Б.)


Статијата е прочитана 3809 пати.

Испрати коментар



„Аман“ се откажа од протест на Широк сокак
Политичко орање на прилепското земјоделство



miki, 26.09.2012 08:56:47
Ништо чудно, обична ВМРО-вска кашапопара..........
реален битолчанец, 26.09.2012 09:37:45
Oti ne razbirate ne se svrti VMRO protiv VMRO tuku se svrti clenstvoto poortiv Taleski. Taleski nikogas ne bil Vmrovec od nego se cuvame sakame Ilioski da bide gradonacalnik , kako da Vi objasnime
se znae, 26.09.2012 10:48:47
Talevski za 8 godini se zbogati kako nikoj drug. Moze slobodno da se kaze deka posle Cile e najgolemiot oligarh vo Bitola. Ilievski e cesen covek treba da mu se dade sansa
george mitev, 26.09.2012 14:15:40
stram da vie eden protiv drug ne mate stram ne mate osechtane samo sakate da vodetete sakate da se rastura sho e gradeno samo si mislete za vas nikogash sza narodot.shitajte istorijata kolko se e machilo vmro od gleveti i na razrani po megu nih.srbi bugari grci i oshte neli vie jasno zaedno a ne dase karate koj e vodach koj e sposoben i pameten stram davie na ste.
iIstocna Mkedonija, 26.09.2012 14:43:42
Sega ,,najgolemi Vmrovci se clenovi od 2006 god. a den pred toa bile vo SDS,ili drugi partii.Vo nekoj eden medium bese ubavo napisano,na gradonacal-nicite pred mandadot da im se skenira imotnata sostojba,kako i telesnata tezina.Vo zemja vo koja vladee,vo golem procent,glad i siromastija,em ke se zbogatat em zdenbelat,jadejki i pirejki so narodni pari.
pretpriemach, 26.09.2012 18:04:04
Nisto ne mu vredi na ovoj od Narodna, samo se blamira bidejki ke odat so SDSM na izbori treba da raboti za Mende.... A Mende e neli mnoguuuuu, mnoguuuu podobar od kandidatite na vMRO-DPMNE!!!!! No toa e sudbina na licemerite od VMRO-NP!!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Се претпоставува дека во Македонија од депресија дтрадаат околу 200.000 луѓе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |