Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
26.09.2012, 17:49

Халкидики оаза за македонските политичари

Весникот „Катимерини“ пишува дека Владо Бучковски има вила на вториот крак од полуостровот

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ



Атина - Халкидики станува оаза на луксузни вили на политичарите од Русија и Балканот. Една од омилените летни дестинации на нашите граѓани, според грчкиот весник „Катимерини“, е веќе топ дестинација за некои од политичарите од Македонија и од поширокиот регион. Според весникот, поранешниот премиер Владо Бучковски е сопственик на вила во Неос Мармарас, на вториот крак на Халкидики. Покрај Бучковски весникот го споменува и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, кој наводно има летна куќа во Уранополи, на третиот крак на Халкидики, како и некои политичари од Србија и Албанија.

Во Македонија од поодамна има непотврдени информации дека Бучковски поседува стан во Грција. Покрај поранешниот премиер се шпекулира и со имињата на градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, за кој се споменува дека има стан во близина на Катерини, газдата на „Телекабел“, а неофицијално се споменуваше и името на професорот Саво Климовски. Постојат шпекулации дека покрај политичарите и голем дел од граѓаните имаат станови во Солун, Халкидики или други делови низ Грција. „Утрински“ минатата година пренесе дека поради кризата и намалување на цената на недвижностите во Грција, но и промената и олеснување на законскиот правилник за продавање имот на лица кои не се од ЕУ, се појавил интерес и кај политичарите и кај обичните граѓани за купување станови во Грција. Уште лани постоеја шпекулации дека познат бизнисмен и градоначалник купил вила во Платамона за над 400.000 евра, дека поранешен градоначалник има свој апа��тман во Пефкохори, како и тоа дека бизнисмени и адвокати купиле градежно земјиште со цел да изградат од темел нови вили покрај море. Огласи за продажба на недвижнини во Грција се појавија од лани и во туристичките агенции во Скопје. На продажба во нашите агенции имало и луксузни вили за 540.000 евра, а цените за квадрат на ваквите вили се проценуваше дека се и до 2.000 евра на популарните туристички дестинации на Халкидики. Во Грција од 2009 година банките почнаа да даваат кредити и на странски државјани, со тоа што кредитите за граѓани од ЕУ се движеа до 80 отсто од вкупната вредност на станот, а за граѓани надвор од ЕУ кредитот достигнуваше до 70 отсто од вкупната вредност.

Весникот ги споменува и имињата на националистот Владимир Жириновски, бизнисменот Сергеј Федоров и голем број други, потенцирајќи дека нема точна бројка колку руски бизнисмени и политичари имаат вили на трите краци. Руски бизнисмени купиле и голем хотелски комплекс во Потидеа, како и дека заедно со грчка компанија градат комплекс на Паљури. Според податоците, до сега осум до десет хотели преминале во руски раце. Весникот посочува дека туристичките работници се соочени со фактот дека туризмот и голем дел од економијата во Северна Грција се одржуваат благодарение на огромниот број на туристи, инвеститори и бизнисмени од Русија и Балканот.


Статијата е прочитана 5087 пати.

Испрати коментар



По Белата книга, кавги во одбраната
Казните ќе ги попарат новинарите
Бучковски не одговара на телефонски повици
Иванов на разговори со Бан Ки-мун
Секоја пренамена e ребаланс на буџет. Долгот не смее да надмине 40 отсто
Кој да го замени Ѕинго?



Rani kuce da te lae, 27.09.2012 01:17:29
Pa sto se cudite, samo kriminalnata zdelka so tenkovski delovi tezese preku 3 miliona evra, a Buckovski bese glaven akterna vo istata i najmnogu usicare od nea. Dali se secavate , koga Buckovski predlozi da se penzionira togasniot nacalnik na GS , Metodija Stamboliski, kako ovaj javno se zakani deka se ce kaze i Buckovski go povece ukazot za penzioniranje na Stamboliski, Pokasno pukna aferata so tenkovski delovi, vo koja glavni protagonsiti bea tokmu tie dvajcata.Toa e samo edna afera ,a zad nego se redea mnostvo drugi: onaa so onaa srpska firma od koja kupi oprema za ARM po soleni ceni, pa prodazbata na domot na ARM,na svojot prijatel Meckarov ,koja sega e sudski ponistena i mnogu drugi aferi, sto kako minister na MO, sto kako premier se vleckaa za negovoto ime. Buckovski samo blagodarejci na SDSM ne bese staven vo aps, a eve sega preku kolumni gi olajava?!Taka tie koga se brani aramilak.Ako ima malku moral smee ni da se pojavi a ne da soli pamet, a za tenk.delovi se zataska se
н.г., 27.09.2012 02:40:00
Но не се само вилите во грција туку низ целиот свет.Ако амбасњадорот илиевски може да си купи стан во Москва - Русија за еден мандат тогаш Бучковски како премиер не заработил многу
hah, 27.09.2012 03:46:28
Aj sega. Koga go branevte so ziv stit se bese ok. Sega deka otvori nekoi vistini za SDSFYROM ne vi cini. E more sto ke bese DEMOKRATI vo nasava drzava. Samo sto ne naucile sto e demokratija i postenost. Se nadevam deka takviot odnos na nasive politicari ke se promeni.
Alter, 27.09.2012 05:07:37
Voeniot bazen vo aerodrom, tenkovski delovi, prostorot kaj bazenot Karposh prodaden vo oci na Delta (koj potoa beshe odzemen), ova e samo del od papkata na Buckovski koja se cuva vo fioka za toj da odrabotuva sto ke mu se kaze. So nekolku milioni evra ukradeni edna vila e samo kapka vo moreto. A ke odogovara li ili dokazite ke se cuvaat po fioki?!
bitolaman, 27.09.2012 05:51:11
Se cudam na ovoj narod a i na novinarite,zosto ovaa vest krena tolku prasina? edna vila vo Grcija se prodava po priblizno 100 000 evra.mozebi i Buckovski si kupil vila,no zosto nikoj ne obrnuva vnimanie na primer na gradonacalnikot na Bitola koj od prosecen graganin,za 2 mandati kako gradonaclnik poseduva konto od 1 milion evra,ili 10 vili na halkidiki vo protivvrednost? ne e li ova selektivno informiranje?
jovan, 27.09.2012 05:59:18
Nema sto da se spekulira. Samo jas znam 3-4 moj prijateli i rodnini koj veke imaat vili ili stanovi vo Grcija. Mnogumina kupija i vo Albanija/Saranda, a ne e mal broj i na onie koj kupile vo Bugarija/Banksko(tamu se apartmani i po 30iljadi).Eden duri denovive mi kaza deka kupil plac na Halkidiki i ke gradel vila. Cenite i ne se taka visoki sporedeni so ovde/Ohrid... pa i ne e cudo sto golem broj gragani/biznismeni kupuvaat imot nadvor. Dali ke kupis stan od 100iljadi ovde ili apartman/stan pokraj mora za istite pari i ne e nekoja senzacija. Po taa logika, sekoj politicar ili biznismen koj bi kupil stan vo Skopje ke treba da go pisuvame po novini bidejki vo vrednost e isto kako da kupil vo Grcija ili Spanija. Drugo prasanje e zosto*investiraat* vo Grcija, no Makedonceto e takvo.
ivan, 27.09.2012 08:24:49
Vo eden kamp kade sto odam jas ima okolu 25 prikolki na Makedonci koi gi imaat napraveno kako vikendici za koi se plaka po 1000 evra na godina. Znaci ne e problem da imas vikendica vo Grcija,problem e ako nezakonski se kupuva imot. Profesorot Buckovski dolgi godini raboti pa najverovatno zarabotil nesto pari. I premierot Gruevski veke 15 godini e vo politikata znaci vraboten so dobra plata, no toj se uste nema nikakov imot osven nekolku umetnicki sliki, i platezni karticki vo site banki.Ova se javni podatoci od sajtot na antikorupciska komisija kade se gleda imotnata sostojba na site politicari. Kako domakin covek redno e da si kupi i imot (ili da prefrli nesto od nasledstvoto na svoe ime) da plaka danok kako site domakini vo ovaa drzava. Ako nisto drugo da kupi edna kola (za zenamu)i da ja registrira kako site gragani vo makedonija.
obikolnica, 27.09.2012 09:37:18
Иако ен ја подржувам оваа власт, овој бучковски е најкрив за сите лоши работи.Само сетете се на обиколницата која патриотски им ја даде на јужните соседи, можеби ова е дел од провизијата?
Itar Pejo, 27.09.2012 11:06:43
Da kazam i jas nekoj zbor po povod ovaa histerija sto se krena vo site makedonski mediumi. Kako prvo, prevedeno so Google, vesnikot zboruva za kuca a ne za vila. Kuca ili vila, se slozuvam so site sto baraat sudot da pokrene postapka za proveruvanje na potekloto na imotot. Za nego i za site drugi koi sto imaat isti ili pogolemi vili/kuci. Vo Makedonija, Grcija ili vo drugo mesto.
Во Егејска Македонија !, 27.09.2012 17:34:17
Зошто се чудите бре луѓе? Политичарите се визионери, си купуваат имоти во Македонија...а ги продаваат од отоде Групчин!:..Би било интересно да ги кажете тие кои ги продале своите имоти што ги имале - отоде Групчин !
do jovan, 27.09.2012 17:35:02
Tvoi prijateli i rodnini imaat vili i kukji po sosedstvoto?Mislam deka podlaznuvas.Sakas da gi opravdas makedonskite politicari,biznismeni...za nivnite somnitelno steknati imoti.
kiro SAD, 27.09.2012 20:01:44
Pa dobro e barem ke ja osvojuvame EGEJSKA MAKEDONIJA kupuvajki imoti , i poleka poleka ke ja prisvoime kon nasata SEVERNA REPUBLIKA MAKEDONIJA.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 13°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Соопштение за читателите
Поради инфраструктурни зафати на веб-страницата на „Утрински весник“, дел од содржините на сајтот не се обновени или се обновуваат со задоцнување
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (14)
Африканската турнеја - Конфликтот помеѓу Тито и Миќуновиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Современиот танц широко ги отвора портите
„Желбата да студирам современ танц отсекогаш потсвесно тлееше во мене“, вели балерината Матеја Киселичка...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |