Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
30.09.2012, 17:44
Грција го негира убиството на Самарџиев



„Не постои ваков случај. Ова е дел од нечија морбидна фантазија“, велат од Министерството за надворешни работи во Атина

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

АТИНА - Нема никаква официјална потврда за смрт на студент (со име Александар Самарџиев) во Солун. Од грчката полиција одговорна за цела северна Грција велат дека немаат ваков случај, а истиот одговор го даваат и од солунските болници. Случајот го демантираат и од грчкото Министерство за надворешни работи. Информацијата која проструи низ медиумите и предизвика голема вознемиреност во јавноста беше преземена од профилот на „Фејсбук“ на Стилјан Самарџиев. Тој во петокот извести дека неговиот братучед Александар, наводно, студент во Солун, во петокот бил претепан од припадници на Златна зора во Солун, а во саботата попладне подлегнал на повредите и починал.

Од полицијата велат дека се во контакт со сите солунски болници и дека нема никакви податоци за ваков случај. Потенцираат дека процедурата е добро позната и доколку во болница биде пријавен некој со сериозни повреди од физичка пресметка, персоналот веднаш контактира со полицијата. Истиот одговор го даваат и од солунските болници кои биле дежурни во петокот и саботата и во чии листи нема пациент со името Самарџиев, ниту, пак, случај кој одговара на она што го тврди Стилјан. Реакција пристигна и од грчкото Министерство за надворешни работи.

„Не постои ваков случај. Ова е дел од нечија морбидна фантазија. Ја повикуваме владата на Поранешната Југословенска Република Македонија да биде попретпазлива и да не остави простор да се негува вештачко заострување и национализам“, истакна портпаролот Григорис Делавекурас.

Освен тврдењето на Стилјан, во јавноста не се појави ниту некој од неговото семејство, ниту, пак, родителите на момчето за кое се тврди дека починало во болницата во Солун да ја потврди оваа информација, што предизвика сомневање и дали воопшто постои Александар Самарџиев или со грчко презиме Самарѕис. Од овие причини, некои од здруженијата и специјалните претставници, кои се борат и ги следат случаите за правата на Македонците во Грција, пристапуваат со големо сомневање кон настанот. Запознаени со тоа како функционира грчката држава, потврдуваат дека не е возможно да има случај на лице со сериозни повреди, особено од физичка пресметка со Златна зора, со кој нема веднаш да биде запознаена полицијата, а властите, пак, во тој случај немало да молчат, туку веднаш ќе побарале одговорност.

Неофицијално, од партија��а Виножито се дознава дека постои зачуденост и сомнеж за вистинитоста на овој случај, особено затоа што добиле одговор дека ниту родителите на Стилјан не се информирани за овој случај ниту, пак, жителите на селата во Леринско и во Воденско од каде што се тврди дека е Александар Самарџиев не се запознаени оти имало ваков инцидент. Дополнително сомневање се создава и од тоа што досега никој не слушнал Стилјан да говори дека има братучед кој заедно со него се „бори за правата на Македонците“. Од прес-канцеларијата на партијата Златна зора изјавија за „Утрински“ дека не сакаат да даваат изјави за овој случај. Неофицијално се дознава дека од македонскиот конзулат, веднаш по лиферувањето на информацијата, побарале информации и од полицијата и од болниците во Солун, но го добиле истиот одговор: нема ваков случај.

Стилјан Самарџиев тврдеше дека припадници на неонацистичката „Златна зора“ физички го нападнале неговиот братучед поради тоа што дознале за нивната роднинска врска, како и поради тоа што Александар не сакал да го промени македонското презиме. Оние што се запознаени со активностите на Стилјан Самарџиев го оценуваат како личност со националистички ставови, кој повремено предизвикува проблеми и нема поврзаност со активностите на здруженијата на Македонци во Грција. Ги ставаат под прашалник и неговите тврдења дека бил уапсен и физички нападнат од полицијата пред неколку месеци кога го поставил македонското знаме пред канцелариите на грчката полиција во Солун.

Во Грција, откако се крена прашина за случајот Самарџиев, оцените беа дека не е возможно да има ваков случај и да биде скриен од грчките медиуми, кои постојано ги имаат на удар десничарите од Златна зора.


Статијата е прочитана 3686 пати.

Испрати коментар



Овца згазнала на мина, овчарот во болница
СДСМ предлага мерки за високите цени
Паѓа трговската размена меѓу Македонија и Косово
Затворски казни за скопските макроа
Втор обид да се најде концесионер за новиот Луна парк
Индустриските производи во еврозоната со повисоки цени за 2,7 отсто
Колумбискиот претседател болен од рак
Т-брендот со нов продажен салон во „Сити мол“
ЗНМ - Новинарите си ја девалвираат професијата
Прекината истрагата за Доминик Строс-Кан
СДСМ ќе поднесе барање за гласање недоверба на Владата
Кукан - Време е Македонија да ги започне преговорите за влез во ЕУ
Седумстотини нови случаи со рак на дојка годишно во Македонија
Прободена девојка најдена во подземна гаража во Скопје
Македонија и Албанија потпишаа декларација за биосферниот резерват Охрид - Преспа
Двегодишно девојче трета жртва од западнонилска треска
СДСМ
Соопштение за читателите
Порта „Македонија“ подготвена за отворање
Животот станува се` поскап - растат цените на храната
Доктор загина од струен удар на Гинекологија во Чаир
Филе - Преговорите со ЕУ би го решиле и името
Македонското вино ќе биде промовирано во Холандија и Полска
Македонија и Естонија сакаат поголема соработка
Продажбата на алкохол во дуќаните до 19 часот
Пронајден половина човечки труп во распаѓање
Мињон - Нема посебни проблеми во Македонија и во односите со соседите
Еврокомесарот го објаснуваше твитот за новодното убиство
Попоски- Сакаме да градиме заедничка иднина во НАТО и ЕУ
Железница, конечно, купува нови возови
Во Србија од денеска зголемен ДДВ
Кај браќа пронајдени над 2.000 куршуми
Спречен обид за самоубиство на тинејџерка
Реновирана Специјалната болница „Јасеново“
„Работното лето“ во есенски фотофиниш
Тракторист загина во Кумановско
Нов проект за развој на планински туризам
Забрана за рок-мјузиклот „Исус Христос суперстар"
Тачи не го дава северот на Косово
Владата чека официјална потврда за случајот со Самарџиев
Оставка на шефот на обезбедувањето на Вацлав Клаус
Економската криза го погоди и шпанското кралско семејство
МИА бележи 14 години од емитувањето на првата вест
„Мерцедес“ прегази 61-годишна скопјанка
Меџити - Бараме албанско име за училиште каде што учат Македонци
Нема официјална потврда за смртта на Самарџиев
Загина војник на НАТО во Авганистан
Ал Арабија
Почина претседателот на Хрватскиот сабор
Протести за наводното убиство на македонскиот студент
Црвенковски - СДСМ ќе бара интерпелација за Владата на Груевски
Собрани над половина милион денари за Клиниката за детски болести
Давутоглу - Анкара го поддржува Скопје во спорот за името
Доделени првите уверенија за вршење сметководствени работи
Петковски - Во законот за бранители да се вклучат и борците на ОНА
Владата објавува нов оглас за социјални станови
„Фокс њуз“ во живо прикажа човек како се самоубива
Седум загинати во пожар во фабрика во Русија
Со митинг во Битола завршува работното лето на СДСМ
Прекинат штрајкот на грчките цариници
Зоолошката во Скопје со ново осветлување и видео надзор
Најмалку седум лица загинаа во поплавите во Шпанија
Македонец претепан од членови на „Златна Зора“ во Солун
Ново работно време на паркинзите
На прес на Гордон Браун се појавил само еден новинар
Цензура за јавна дебата преку сајтови
Протест за заштита на шумите во Тетово
„Економист“ - Македонија меѓу ниско задолжените
Отворени првите фабрики во индустриската зона кај Валандово
Роберт Орданоски потпретседател на БЕРЕК
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Уште еден случај на западнонилска треска во Македонија
Уапсен авторот на „Невиноста на муслиманите“
Нема истрага против „Сан“ за сликите на голиот принц Хари
Арифи - Извештајот во октомври ќе биде позитивен
Расте стапката на морталитет од срцеви болести
Мрежата на „Т-мобиле“ со поголем капацитет за разговори и СМС
Камерон „го откачил“ Обама за да доигра тенис
Љубљанскиот градоначалникот приведен, па пуштен
Вања Гавриловски нов сопственик на Канал 5 телевизија
(ФОТО) Деветнаесет загинати при пад на авион во Непал
Подземните инсталации ќе им припаднат на ��омпаниите
Опуштен службеник застрела четворица и се самоуби
Шест лица тешко повредени во сообраќајка кај Гостивар
ОН ја афирмира безбедноста на новинарите
ОМД побара од ОН да ја спроведат пресудата од Хаг
Нимиц најави преговори во октомври
Аврамопулос ја обвини Македонија за ширење иредентизам
„Кјуриосити“ откри траги од вода на Марс
Сменето името на изложбата во Белгија
Иванов бара достоинствено именување на Македонија
Тешко се договараат земјоделците и преработувачите
Изет Зекири ги заглави пратеничките прашања
Скинато првото преспанско јаболко
Пристаништето Драч им се нуди на македонските фирми
Од утре почнува вонредно прскање против комарци
(ФОТО) Девет години МПМ со редизајниран „Утрински“ и нов автомагазин „GTA“
Судењето за „Биг фиш“ во ќор-сокак, оти нема вештачење
Ален Зекиров дојде на суд, но не дојдоа сведоците
Стечајците на протест, бараат обесштетување од државата
Атина ќе штеди, но бара повеќе време
Лажна тревога за пожар во Регулаторна комисија
Високо француско одликување за народниот правобранител
Земјоделците со протест си го бараа новиот закон
Британскиот премиер не знае што значи „Магна Карта“?
„Гугл“ го прославува 14. роденден
Македонија во есенски толотен бран од жолта фаза
Иванов ќе се обрати на Генералното собрание на ОН и ќе се сретне со Нимиц
Крејтон - Ирска ја поддржува Македонија да ги почне преговорите со ЕУ
Почнуваат „Деновите на македонскиот мед“
Уапсен градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ
Отворена „Големата џамија“ во Стразбур
Само еврото го одржува единството на ЕУ
Асанж го обвини Обама за лицемерие
Нови протести во Шпанија
Товарниот сообраќај кон Грција во прекин
Ивона Талеска ќе го замени Латас во „Вечер“
„Катимерини“ - Бучковски има вила на Халкидики



Itar Pejo, 01.10.2012 00:17:12
Postoel li voopsto toj Александар Самарџиев pred da bide ubien.
Neverni, 01.10.2012 00:39:39
A mozebi i nema spor za imeto!?
jovan, 01.10.2012 01:12:00
Znaci nekoj ili si igra majtap so ovdesnite mediumi (poznavajki gi kakvi se rekla-kazala) ili pa liceto za koe se govori e so drug identitet i nacionalnost, a nekoj si go prestavuva za Makedonec, sto povtorno se se sveduva na ona prvoto. Kako i da e, valjda ke se razjasni pa ke vidime tocno za sto i kogo se raboti.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Среда
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (15)
Јованка блеска на приемот на неврзаните. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Полемика на „Утрински“ за фејсбук-новинарството. Латас контра Ордановски
Како е можно јавниот сервис како ексклузивна вест да пл��сира непроверена вест, можно ли е нештата да минат толку лесно и без оставки,
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |