29.09.2012, 11:53 Седум загинати во пожар во фабрика во Русија
Во пожарот кој изби во фабрика за преработка на индустриски отпад во областа Хант-Мансијск, на северот на Русија, загинале седум лица, а уште осум се повредени, соопшти денеска Уралскиот центар на Министерството за вонредни состојби.
Пожарот избил вчера во фабриката на трасата меѓу Тјумењ и Хант-Мансијск во два метални хангари и на површина од 4.000 метри квадратни, а во текот на ноќта е локализиран.
Првите извештаи говореа за четворица загинати, но при расчистувањето на изгорената површина пронајдени се уште три тела.
|