Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
29.09.2012, 10:59
Металург без бело знаме во Франција



На Шамбери му е препуштена фаворитската улога, но Червар смета дека ни неговиот тим не е за фрлање

Роберт Димитриевски

Свесни за квалитетот на противникот, но и со верба во сопствените сили, ракометарите на Металург в недела од 19 ч. во Франција ќе ја почнат својата нова одисеја во Лигата на шампионите. На стартот од групата Ц ги чека Шамбери, вицешампион на земјата што во моментов е олимписки и светски првак, кој има бучна поддршка во својата сала со капацитет од 4.000 гледачи. Со нов тренер (Марио Кавали), засилен со трофејните браќа Бертран и Гијом Жил од Хамбург, домаќинот на овој дуел значително порасна во очите на македонскиот шампион.

„Тие се апсолутни фаворити, но немаме намера однапред да се предадеме. Не одиме со бело знаме во Франција, бидејќи ни ние не сме за фрлање. Размислуваме позитивно, знаеме дека ќе биде тешко, но фаворитската улога тие ќе мора да ја докажат и на теренот“, порача тренерот на „металурзите“ Лино Червар.

И капитенот Ванчо Димовски му дава предност на вечно вториот тим во Франција, кој освен при освојувањето на единствената титула во 2001 година, дури 11 пати му гледаше во грбот на неприкосновениот Монпелје.

„Шамбери е искусна екипа, редовен учесник во ЛШ, со двајца олимписки шампиони од Лондон. Ќе сакаат да стартуваат со победа, но ние можеме да им парираме ако одиграме како на квалификацискиот турнир во Норвешка. Ако и тогаш се справат со нас, ќе им честитаме“, вели пикерот.

Како и на Металург, главната цел на Шамбери е пласман во топ-16 во ЛШ, нешто што не им појде од рака во минатата сезона.

„Мораме да ги добиеме сите мечеви во нашата арена ’Ле Фар‘ ако сакаме да се пласираме во следната фаза. Гостинските дуели ќе бидат тешки за нас“, изјави Кавали за веб-сајтот на ЕХФ. „Кјелце е многу силен, но сите други екипи во нашата група се на исто рамниште. Тоа е позитивно, но истовремено и опасно за нас. Сепак, сметам дека имаме доволно квалитет за да се најдеме меѓу 16 најдобри екипи во Европа“.

Со двајцата браќа Жил се комплетира ова семејство во тимот, од кое досега играше само Бенжамен. Новаци се и Кевин Њокас од Париз и Марко Паниќ од Борац Бања Лука, а од петтемина што си заминаа најзвучно име е Ксавиер Бараш, кој го засили Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров.

За Шамбери ова е осмо учество во ЛШ, каде што три пати беа осминафиналисти, еднаш во главната фаза по групи, а три пати го завршуваа настапот во прелиминарниот круг. Покрај едната титула во Франција, имаат и еден национален Куп, освоен во 2002 година.

Натпреваро�� Шамбери - Металург ќе го судат Германците Ларс Гајпел и Маркус Хелбих. Денеска во групата Ц ќе играат Горење Велење и Санкт Петербург, а утре ќе се сретнат Кјелце и Силкеборг.




Статијата е прочитана 365 пати.

Испрати коментар



Победата на Вардар во сенка на инцидентите
Металург го покори Шамбери среде Франција
Илиевски и Цедевита славеа во Подгорица
Петрова го освои Токио
Челзи со целиот плен од „Емирати"
Јувентус убедлив против Рома
Фантастичен пресврт на Барселона во Севиља
МЗТ Скопје ја нокаутира Цибона!
Баерн Минхен ја продолжи победничката серија
Илиевски претставен како Словенец на сајтот на АБА лигата
Фудбалски меч со три тима во Норвешка
Гвардиола тренер во Милано?
Борис Бакиќ нов играч на МЗТ Скопје
Хрватите со Самир против Македонија
Хамилтон во Мерцедес, Перез во Мекларен
МЗТ Скопје со умерен оптимизам против Цибона
Леб нема да ја брани титулата в година
Илиевски го одби МЗТ, потпиша за Цедевита
Металург сака повторно во топ-16
Атлетико со пресврт до победа на гостувањето кај Бетис
Кавани ефикасен за убедлив триумф на Наполи
Прволигашите надмоќни во Купот

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 30°C, Мин: 15°C

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (13)
Африканската турнеја на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Интервју - Современиот танц широко ги отвора портите
„Желбата да студирам современ танц отсекогаш потсвесно тлееше во мене“, вели балерината Матеја Киселичка...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |