27.09.2012, 15:42 Илиевски го одби МЗТ, потпиша за Цедевита
Искусниот бек, кој стави крај на репрезентативната кариера ќе игра за еден од главните фаворити за освојување на шампионската титула во АБА Јадранската лига
Преговорите на Владо Илиевски со МЗТ Скопје не биле чиста шпекулација. Искусниот бек, кој стави крај на репрезентативната кариера, откако по долги преговори со челниците на македонскиот шампион, во вторникот навечер ја одбил нивната понуда, потоа потпиша за тимот на Цедевита, еден од главните фаворити за освојување на шампионската титула во АБА Јадранската лига.
„Преговорите со Илиевски не се шпекулација. Во вторникот вечерта добивме негативен одговор, по што тој потпишал за Цедевита. Токму и поради овие преговори го одложивме ангажирањето на засилувањето на бековската позиција“, потврди спортскиот директор на МЗТ Скопје, Ѓорѓе Војновиќ.
Покрај Илиевски, во Цедевита настапува уште еден македонски интернационалец, хрватскиот тим летоска го доведе Маркиз Грин.
За потсетување 32-годишниот кошаркар поради фамилијарни причини одлучи да го напушти Локомотив Кубан, а по неколкуте понуди, тој одлучи да игра за тим од Загреб, односно да биде блиску до неговиот дом во Љубљана. (М.К.)
|