28.09.2012, 09:24 „Кјуриосити“ откри траги од вода на Марс
Роботот „Кјуриосити“, што се наоѓа на Марс, на површината на оваа планета открил траги од некогашен воден поток, изјавија научници на НАСА.
Претхдно, исто така, имало знаци дека пред многу време на „Црвената планета“ имало вода, но новите снимките направени од роботот ги нудат најубедливите докази досега за постоењето на древна река на Марс.
На нив се гледаат камчиња што изгледаат како да се измазнети од вода.
Според научниците, камчињата биле носени од буен поток, во кој водата била длабока до глуждовите или до колената, а нејзината брзина била неколку метри во секунда.
Сега Марс е правлива и сува планета, но научниците сметаат дека некогаш таа била потопла и на неа имало вода.
|