28.09.2012, 12:49 (ФОТО) Деветнаесет загинати при пад на авион во Непал
Сите 19 патници и членови на екипажот загинаа денеска при пад на авион во близина на непалскиот главен град Катманду, соопшти локалната полиција.
Според полицијата, седуммина од загинатите се Британци, петмина Кинези, а остантите седуммина, вклучително и тројцата членови на екипажот, биле Непалци.
Авионот на непалската компанија „Сита Ер“ летал на релација од Катманду кон Лукла, град во подножјето на Монт Еверест кој е популарна туристичка дестинација.
Според контолата на летање на аеродормот во Катманду, најверојатна причина за несреќата е пожар во кабината на авионот, но не исклуичена ни можноста леталото да се судрило со јато птици при полетувањето.
|